Доналд Трамп се врати во Вашингтон да биде инаугуриран како 47. претседател на САД

January 19, 2025
1 min read

Доналд Трамп синоќа пристигна во Вашингтон на неговата втора инаугурација како 47. претседател на САД, откако пред четири години замина од престолнината.

Сопругата Меланија и синот Барон, како и ќерката Иванка, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, но и синот Ерик, и неговата сопруга Лара, сите долетаа во Вашингтон, по што Трамп со некои од нив се упати во неговиот голф-клуб во Стерлинг, Вирџинија. 

Каролин Левит, претставник на транзицискиот тим Трамп и Џеј Ди Венс, на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) напиша: „Претседателот и првата дама заминаа од Мар-а-Лаго и пристигнааа во Вашингтон, округ Колумбија. Ова е големо патување за успех на нашата земја!“.

Над луксузниот Национален голф-клуб на Трамп во Стерлинг, расположен покрај реката Потомак (на околу 50 километри од Вашингтон) синоќа се спушти магла, но тоа не спречи свечената забава да започне со огномет. На настанот, затворен за јавноста, дојдоа околу 500 гости меѓу кои и технолошки гиганти, пријатели на Трамп од деловниот свет и медиумски ѕвезди.

Настапија Лео Дејс, имитатор на Елвис Пресли, и тенорот Кристофер Макио, кој претходно учествуваше на кампањски настани. Имитаторот на Елвис испеа серенада посветена на новиот претседател и првата дама на САД. На социјалните мрежи беше објавено видео.

Денеска, еден ден пред инаугурацијата, 78-годишниот Трамп ќе одржи митинг со своите поддржувачи во арената „Capital One“ во центарот на Вашингтон. Утре, точно напладне по источноамериканско време, Трамп треба да ја положи заклетвата.

Утре, понеделник, се очекува заладување што ги смени плановите па церемонијата за инаугурација на Трамп. Церемонијата ќе се одржи во внатрешна просторија на ротондата на Капитол. Парадата планирана да оди по Пенсилванија авенија исто така ќе биде преместена во арената.

-Мислам дека донесовме правилна одлука. Сега ќе ни биде многу поудобно, изјави Трамп во телефонско интервју за „Ен-Би-Си њуз“.

Ѕвезди на кантри-музиката како Кери Андервуд, Били Реј Сајрус и Џејсон Алдин, диско-групата Village People, раперот Нели и музичарот Кид Рок – сите се очекува да настапат на церемонијата и настаните околу инаугурацијата.

Треба да се појават и актерот Џон Војт и борачот Хулк Хоган, како и тим од раководители на компании кои го поддржуваат Трамп –  извршниот директор на Tesla и Икс, Илон Маск, основачот на Amazon, Џеф Безос, извршниот директор на Meта, Марк Цукерберг, и извршниот директор на TikTok, Шоу Џи Чу.

На булеварот Пенсилванија кој што води кон Белата куќа, службите вчера ги демонтираа металните трибини што требаше да се користат за следење на инаугурацијата ако таа се одржуваше на отворено.

Групи демонстранти вчера наутро излегоа на улиците на Вашингтон. Подоцна, неколку илјади луѓе се собраа во престолнината да изразат протест против инаугурацијата на новоизбраниот претседател. Активисти кои се залагаат за права на жените, правда и други цели, протестираа против политиките кои, според нив, ќе ги загрозат нивните уставни права како последица на вториот мандат на Трамп.

Протестите против инаугурацијата на Трамп овој пат се многу помали отколку порано. Во целата земја беа планирани над 300 слични маршеви. Сепак, реално, бројот на демонстранти вчера беше само неколку илјади.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025

Следно

Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop