Дојче Веле: Каде е Али Ахмети?

October 22, 2025
1 min read

И три дена по исходот од првиот круг на локалните избори, Али Ахмети претседател на ДУИ – партијата предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ) сѐ уште се нема појавено во јавноста.

Познавачи на внатрешните состојби во ДУИ велат дека „навистина немаат информации што се случува во Мала Речица”, но дека молкот очигледно зборува дека таму владее голема разочараност. Отуството на јавен настап го толкуваат како време што партијата си го дава за да направи темелна анализа на резултатите, но и дека се сигурни оти додека другите слават – во ДУИ сигурно интензивно се работи врз стратегија за да надомести што повеќе во вториот круг, анализира Дојче Веле.

-Долгогогодишен поддржувач на ДУИ од Чаир потенцира дека партијата не е губитник ако се има предвид споредбата на гласовите на листите за советници во 2021 и 2025 година, бидејќи на последните локални избори тоа салдо кај НАИ е зголемено за околу 11.000 гласови. Но признава дека губењето, пред сѐ, на Чаир и Сарај, и водството на ВЛЕН во други општини, одекнало посилно од тоа. Вели дека нема проценка дали и каде згрешила партијата, пишува порталот.

Да го исфрли Османи од игра

Амбасадорот Мухамед Халили нема дилеми по ова прашање.

„Ахмети водеше погрешна политика“, оценува тој.

„Водеше погрешна кампања – внатрешна политика наместо локална и патриотска наместо локална. Поентата му беше напад врз Мицкоски како вмровец кој ја понижува ВЛЕН и ги поништува правата на Албанците. Претставниците на ВЛЕН ги нарекуваше предавници кои ги командува Мицкоски. Митинзите му беа за саморекламирање“, вели Халили.

Откако „референдумот“ на НАИ пропадана, Халили посочува дека изборот на кандидат за Чаир имал друга позадина.

„Кандидирањето на Бујар Османи било за да го исфрли од игра за иден претседател на ДУИ“, вели Халили за ДВ.

За разлика од Ахмети, Бујар Османи сепак преку објава на неговиот Фејсбук-профил веднаш му ја честиташе победата во Чаир на политичкиот опонент.

Целата анализа прочитајте ја на Дојче Веле

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Меџити: Благодарност до жителите на Топана за соработката и трпението

Следно

Тирамису од манго и маракуја

Latest from Blog

Генерален секретар на ОН: Глобалното затоплување ја турка Земјата кон пропаст

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во средата предупреди дека глобалното затоплување ја турка Земјата во уште поголема опасност и ги повика земјите да воспостават системи за предупредување од катастрофи за

Бојковска: Градот Скопје не ги извршува надлежностите коишто ги има, извршен е инспекциски надзор над Комунална хигиена

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам.
Go toTop