2
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска присуствуваше на Лидерски форум за високите раководителите на полицијата при Бирото за јавна безбедност, организиран со поддршка на Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Кралството Норвешка (CIDS).
„Овој форум за мене претставува можност за отворена и искрена дискусија со највисоките полициски лидери за предизвиците и одговорностите што ги носи лидерството во полицијата – теми кои не се секогаш дел од секојдневните рутини, но ја градат суштината на нашата улога. Верувам дека лидерството во полицијата не е само управување со организациска единица, туку одговорност за денешницата и визија за иднината. Полицијата мора да биде во чекор со потребите на граѓаните, да се адаптира на новата дигитална ера и да се гради како одржлива институција што ќе обезбедува безбедност за сегашните и идните генерации.“, потенцираше директорот Јанев.
Јанев нагласи дека македонските граѓани заслужуваат полиција што постојано расте, што е нивен партнер и чувар, и што со интегритет и професионалност ја брани нивната безбедност и благосостојба. Тоа е мојата визија – силно лидерство, современа полиција и иднина изградена врз транспарентност и доверба.
Извор: zurnal.mk