Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

December 17, 2025
5 mins read

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме е токму историската вистина за што сите ние овде сме собрани и се стремиме, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Македонија и заменик-претседател на Владата, Љупчо Димовски, во своето обраќање на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“.

– Навистина ова не е едноставна работа, меѓутоа претпоставувам дека самите професори почувствуваа дека постојат капацитети во партијата коишто се достојни за да организираат еден ваков собир, со обединување на сите историчари да дадат придонес со свој труд во сите овие зборници коишто ги печатиме, коишто ќе останат еден траен белег во работата на нашата партија, ама во исто време и ќе се обидеме во јавноста да ја прошириме вистината за Македонија. Тоа е многу битно затоа што не смееме да заборавиме кои сме, што сме и на тој начин да се обидеме полека да го градиме националното единство што веќе наназад колку години, барем од наша страна, а и од страна на нашите коалициски партнери, заедно ги спроведуваме сите овие, да речам, програмски замисли или државни замисли, коишто и понатаму како што кажав, ќе треба да бидат интензивирани со помош и поддршка на институциите, рече Димовски во обраќањето.

Тој истакна дека СПМ е единствената политичка партија, која што наназад 20 години се занимавала со книгоиздателство, почнувајќи некаде по 2000 година, но клучниот момент бил во 2017 година, кога во тоа време партијата излегла со една сеопфатна платформа за заштита на националните и државните интереси на Македонија.

– Мислам дека сме единствената партија која што во овој момент, колку што имам сознанија,  има 17, 18 врвни интелектуалци, би рекол, душата на македонската историја кои се под покривот на СПМ, вклучени во овој проект што го реализираме со професорот Јован Лазарев како претседател на Советот на партијата и книгоиздателството на СПМ, под кое до сега се објавени, а тоа се повеќе од десет дела, рече Димовски.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Проф. д-р Тодор Чепреганов правејќи една ретроспектива на случувањата посочи дека се започнало пред 84 години кога во организација на македонските комунисти на 11 октомври со оружените акции во Куманово и Прилеп беше означен почетокот на оружената борба. Тој додаде дека отпорот започнува уште во 1941 година со завршување на првите диверзантски акции во градовите и формирањето скопски Народно-ослободителен партизански одред во август 1941 година.

– Но, од одредени политички причини на одредена политичка …тој не смееше да се споменува. Треба да се потенцира за да не се заборави дека македонските комунисти предводени од Комунистичката партија на Југославија беа иницијатори, организатори на востанието против антифашистичкиот окупатор и тие имаа централна улога во формирањето на партизанските единици, командување со одреди бригади и дивизии. Без нивната организација, идеологија, создавањето на македонската држава во 1944 година не би била возможна. Нивната улога е суштинска за разбирање на победата на нацифашизмот и формирањето на македонската држава. Според мене, тие партизани имаа идеја која што беше појака од крвта, рече тој.

Се до средината на 1943 година, додаде Чепреганов, големите сили го игнорирале појавеното, но и се позасилено Народноослободително движење во Македонија.

– Треба да се има предвид дека до 1943 во ниту еден документ на големите сили не се споменува Македонија затоа што во јануари 1942 година во Лондон се потпиша југословенско-грчка федерација, во која што Македонија влезе во таа федерација како дел од Кралството Југославија. Тие не сакаа никакви промени на Балканот. За нив најдобра беше состојбата на статус кво, односно задржување на таа состојба. По добиените први информации дека во Македонија се активни македонски партизански одреди, се позначајно место добива и излегува на површина идејата на македонскиот народ за негово обединување дека тие се пред се националисти, а потоа комунисти, рече тој.

Заклучокот што произлегол од британските политички стратези, додаде Чепреганов, беше на секој начин да се запре тој процес кој битно можел да влијае и да ги загрози британските интереси во Грција.

– Патот кој го изоди Македонецот беше долг, пропратен со многубројни жртви, успеси и падови. Периодот од април до септември 1941 година беше период на сеопфатни подготовки за оружена борба. Во тоа најголема улога одигра секретарот на ПК на КПЈ Методија Шаторов Шарло, кој ги мобилизира македонските комунисти и под негово раководство беше исфрлен првиот партизански одред. Периодот од септември до април 1942 година се карактеризира со зајакнување на партизанските одреди. Веќе во мај ’42 година беа исфрлени јадрата на пет партизански одреди, а летото уште четири. Во периодот од летото ’42-ра до пролетта ’43-та беше создадена тешка ситуација со гледање на одредени кадри како резултат на масовните апсења. Од март 1943 година, па се до капитулацијата на Италија, септември ’43-та година беше формирана  КПМ, беа формирани пет оперативни зони, пет комитети, потсети тој.

Говореше и за формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата поголема воена единица, за првите бригади, првото училиште на македонски јазик, за првиот црковнo-народен собир, првата печатница „Гоце Делчев“, за прогонот на македонските евреи, за првото заседание на АСНОМ и државноста, за Президиумот, за прогласување на македонскиот јазик за службен, за манифестот за формирање на македонската држава…

Чепреганов вели дека денес сме доведени во една апсурна ситуација доколку се направи паралела меѓу времето на комунизмот и денешната демократија. Тој нагласува дека токму во времето на комунизмот, кое го означуваат како диктатура, Македонија беше призната како држава, а сега во времето на европската демократија, вели, се соочуваме со негација од сите страни.

Проф. д-р Виолета Ачкоска истакна дека во текот на Втората светска војна македонскиот народ благодарение на Антифашистичката народна ослободителна борба првпат во современата историја ја создал својата држава, Демократска Федерална Македонија.

– За Македонците Народноослободителната борба беше борба во која националното секогаш доминираше над класното, иако КП беше организатор на самото тоа движење. Страшно е тоа што по ’91 година се смени европскиот идентитет. По Втората светска војна антифашизмот беше основа на европскиот идентитет, но по ’91 година тој идентитет се промени и стана антикомунизмот, така што во одредени општества и држави жртвите на комунизмот беа фашистичките соработници, тие беа прогласени за жртви на комунизмот, што беше еден апсурд. И треба да научиме од оваа војна, посебно од антихитлеровата коалиција дека секој народ кој ќе се вклучи во антифашистичката борба после војната има право на самоопределување и благодарение на Атлантската повелба на големите сили македонскиот народ го доби своето самоопределување, формирајќи ја својата современа држава во рамките на Југословенската Федерација,  рече Ачкоска.

Проф д-р Иванка Василевска се осврна на темата „Карактерот на правото во Македонија создавање во текот на НОВ (со посебен осврт на АСНОМ во регулирањето на прашањето за правните извори)“. Таа посочи дека во текот на НОВ се создадени почетните елементи на новото право.

– Во врска со неговиот развиток во теоријата е главно прифатено сфаќањето за две основни фази низ кои минувало во текот на НОВ. Прво периодот на почетна изградба, односно развиток до Второто заседание на АВНОЈ и второ период на Второто заседание на АВНОЈ до конечното ослободување. Работата на изградбата на правниот систем по конечното ослободување престставува нова фаза за развиток на правото во новата држава. Затоа оваа периодизација е прифатлива само како периодизација која тргнува од основните фази на општиот развиток на југословенскиот државен поредок, при што Второто заседание на АВНОЈ и неговите одлуки се земени како преломен момент во изградбата на истиот поредок, истакна Василевска.

Таа додаде дека АВНОЈ и неговите одлуки се земени како преломен момент во изградбата на истиот поредок.

– При тоа, во поглед на изградбата на правниот поредок секако дека огромно значење има Одлуката за одобрување на одлуките, наредбите и изјавите на Извршниот одбор на АВНОЈ и Врховнот штаб на НОВ и ПОЈ, во која се одобри работата на Извршниот одбор на АВНОЈ за време на Првото и Второто заседание и се одобрија и потврдија сите одлуки и наредби на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. Како трето се одобрија и потврдија сите заеднички одлуки и изјави на Извршниот одбор на АВНОЈ и Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. Со тоа всушност се потврди дотогашниот процес на изградба на правниот поредок во текот на НОБ. Поопределено кога говориме за развиток на правото во Македонија како преломен момент во изградбата на државно правниот поредок би го земале Првото заседание на АСНОМ, така што во развитокот на правото во Македонија во текот на НОБ исто би се издволе две фази и тоа првата до Првото заседание на АСНОМ и втората од ова Заседание до конечното ослободување, рече Василевска.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Алкалоид најтргувани на денот

Следно

Лапорта му нуди нов договор на Ханси Флик, следува потпис!

Latest from Blog

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и

ФФМ распиша конкурс за дизајн на новиот пехар за шампионот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига. Целта на конкурсот е да се изработи современо,
Go toTop