Димитровски најави концерт „Свет, Свет, Свет“ по повод раѓањето Христово

January 4, 2026
1 min read

Општина Битола, во соработка со Центарот за култура и Културниот и информативен центар, организира голем Божиќен концерт на народни и црковни напеви под наслов „Свет, Свет, Свет“, со кој ќе се одбележи раѓањето Христово.

Концертот ќе се одржи на 8 јануари со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура – Битола. На сцената ќе настапат истакнати инструменталисти и вокални изведувачи, кои преку традиционални и духовни божиќни напеви ќе ја пренесат празничната атмосфера и духовната длабочина на Божик.

Во инструменталниот состав ќе учествуваат Благојче Трајковски на кларинет, Никола Трајановски на виолина, Филип Михјлоски на канон, Гоце Ристески на лаута, Петар Христов на уд, Коста Стевановски на контрабас и Пеце Трајковски на перкусии.

Вокалниот дел ќе го изведуваат Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов, чии интерпретации се очекува да донесат автентично доживување на божиќната традиција.

Влезот за концертот е слободен, а организаторите упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и заеднички да го одбележат големиот христијански празник Божик преку музика и духовна уметност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нострадамус го предвидел ужасот во Швајцарија? Ова се неговите пророштва за 2026 година

Следно

Лидс му „откина“ бод на Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Облачно време со дожд и јужен ветер

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималнаите

Ова не е љубов – Како да препознаете токсичен однос и да заминете

 Социјалните очекувања, семејниот притисок, емоционалната уцена и вечното прашање „што ќе кажат луѓето“ честопати ги принудуваат луѓето да останат во односот без љубов. Сепак, важно е да запомнете една работа: заминувањето не
Go toTop