Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, упати критика кон, како што вели, оние кои со години ги блокирале проектите за развој на градот, истакнувајќи дека актуелната локална власт посветено работи за да ја направи Битола поубава и пофункционална.
„Додека едни од петни жили блокираа проекти за развој на градот, ние работевме посветено за Битола да ни биде поубава!“, порача Димитровски, нагласувајќи дека листата на блокирани иницијативи е долга и опфаќа низа клучни инфраструктурни и спортски проекти.
Меѓу блокираните точки тој ги наведе:
• изградбата на вело-патеки,
• спортски комплекс,
• проектот вреден еден милион евра од Европската инвестициска банка за обнова на водоводната и канализациска мрежа,
• манифестациите „Зимска приказна“ и „Битфест“,
• изградба на училишни спортски сали и 24 спортски игралишта,
• реконструкција на градскиот стадион,
• изградба на нови паркинзи,
• реконструкција и изградба на улици во градот и селата,
• адаптација на објект во училиште во населбата Буковски ливади,
• како и проекти за развој на јавните претпријатија.
„Нема поголема иронија кога истите тие што блокираа сега зборуваат колку го сакаат градот. Да, тој што работи и греши, но и знае да ги реши проблемите. Граѓаните се мудри и ќе ја направат разликата овој октомври“, порача Димитровски, додавајќи дека промените во градот се видливи.
„Ова на сликата е Битола, не е Виена“, заврши тој со симболична порака на социјалните мрежи.
(Фотографија на Стојан Стојаноски)
