Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, од Вашингтон испрати порака со јасна визија за економскиот развој и стабилност на Македонија. По серијата успешни средби со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и меѓународни инвеститори, таа истакна дека разговорите биле насочени кон нови можности за поддршка на македонската економија и забрзување на реформските процеси.
„По успешни средби со ММФ, Светска банка и меѓународни инвеститори, време е да се вратиме дома и да продолжиме со работа. Во недела, излези и гласај за број 9 — за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина,“ порача Димитриеска Кочоска.