Screenshot

Димитриеска – Кочоска: Онлајн нарачките остануваат по старата цена

November 20, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска им порача на граѓаните дека измените на Законот за ДДВ нема да донесат никакви нови трошоци за онлајн нарачките од платформи како ТЕМУ. Според неа, пратките и понатаму ќе пристигнуваат без дополнителни плаќања, затоа што ДДВ е веќе пресметан и вклучен во конечната цена што ја плаќаат корисниците при нарачка.

Таа објасни дека моделот на наплата на ДДВ за ваквите пратки функционира преку системот IOSS, со кој меѓународните платформи го пресметуваат и уплаќаат данокот уште во моментот на купување. Со тоа, вели министерката, се избегнуваат дополнителни административни процедури и непланирани трошоци за граѓаните при пристигнување на пратките.

„Нема никакви измени што би влијаеле врз граѓаните. Она што досега важеше, важи и понатаму“, порача Димитриеска – Кочоска, додавајќи дека целта на законските корекции е усогласување со европските директиви, без да се наруши досегашната пракса за малите пратки.

 

Министерството очекува со новите законски доуредувања да се зголеми ефикасноста на наплатата, но без никакво финансиско оптоварување за корисниците кои купуваат од странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Фото: Совршената Џенифер Лопез

Следно

Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот

Latest from Blog

Регионалната конференција за агро-прехранбена трговија успешно одржана во Сараево

На 18 ноември 2025 година, во хотелот Swissotel Sarajevo, се одржа високата регионална конференција „Безбеден извоз, силен раст: Напредување на агро-трговијата во ЦЕФТА“, која ги обедини институциите од ЦЕФТА страните, претставниците на

Ново поглавје во управувањето со отпадот: Прилеп доби грант од 50.000 долари

Општина Прилеп е прворангиран добитник на грант од 50.000 американски долари во рамки на Третиот повик на Фондот за техничка документација (ФТД). По деталната евалуација на пристигнатите апликации, проектот на Општината е

Ристовски и Проданоски го отворија новиот мултифункционален спортски центар во Прилеп

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска официјално го пушти во употреба новиот современо уреден мултифункционален спортски центар кој се наоѓа во населбата Точила. Во рамки на овој спортски комплекс изградено

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово. Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако

Нејмар од херој до трагичар (ВИДЕО)

Фото: Сантос Х Нејмар јавно се извини откако прими контроверзен пенал во натпреварот што го остави неговиот тим Сантос во тесна битка за испаѓање во бразилската Серија А. Бразилската суперѕвезда се претвори
Go toTop