Остварив работна средба со новиот претседател на Фискалниот совет, проф. д-р Абдулменаф Беџети, и заменик-претседателката Марина Трпеска, објави на Фејсбук министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Разговаравме за фискалните политики, предизвиците во јавните финансии и активностите што претстојат во рамки на Фискалниот совет. Зборувавме за процесот на носење на Буџетот за 2026 кој вчера беше усвоен, за идните можности за зголемување на соработката во насока на разменување податоци. Отворени сме за дијалог, анализа и конструктивни препораки кои ќе придонесат за посилни институции и поодржливи јавни финансии, истакна Димитриеска Кочоска.
Извор: kurir.mk


