Димитриеска-Кочоска на „Охрид 2026“: Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот, стабилноста и растот мора да се градат заедно

September 10, 2026
1 min read

10 септември 2026, Скопје – Глобалното оpкружување останува исклучително сложено. Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но и врз фискалниот простор за одговор на секој нов шок.

Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во воведното обраќање на Регионалната конференција „Охрид 2026“.

„Една од најважните лекции од последните години е дека фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребенФискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне. Таа се гради претходно, преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка. Тоа е и пристапот што Република Македонија го следи во својата среднорочна фискална политика“, рече министекрата.

Таа додаде дека во време на континуирана неизвесност и мултиполарна фрагментација, како и зголемен јавен долг како резултат на фискалната поддршка за време на пандемијата и енергетската криза, балансирањето помеѓу реалните потреби и можности е вистински предизвик за јавните финансии и затоа Владата избра пат на постепена и одговорна фискална консолидација, со истовремена посветеност на надминување на слабостите од минатото во планирањето и управувањето со јавните инвестиции.

Министерката се осврна на тоа дека фискалната консолидација не смее да биде механички процес на намалување на расходите, а ефикасноста на наплатата на приходите не треба да  произлегува од зголемување на товарот на оние кои веќе редовно ги исполнуваат своите обврски.

Потенцира дека на економиите од регионот им се потребни повисоки стапки на раст, којшто клучно  е да не се темели само на поголема потрошувачка, туку да биде воден од продуктивноста. Според министерката треба да се стави силен акцент на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, особено ако се имаат предвид климатските промени, кои оваа година особено го погодија европскиот континент.

„За земјите од Западен Балкан, стабилноста и растот не се спротивставени цели.Тие мора да се градат заедно. Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот. Инвестициите не значат занемарување на долгот. Социјалната заштита не значи трајно зголемување на неефикасните расходи. Доколку треба да ја сумирам политиката што ја следиме во Македонија, би ја свела на четири принципи: стабилност, отпорност, инвестиции и продуктивностНекои од нашите земји денес можеби се надвор од еврозоната. Но, тие не се надвор од европската економска реалност. Затоа нашата одговорност е да изградиме јавни финансии кои ќе бидат доволно стабилни да ги апсорбираат шоковите, но и доволно флексибилни да го поддржат развојот“, истакна Димитриеска-Кочоска и порача да создадеме економии кои нема само да реагираат на кризите што доаѓаат однадвор, туку ќе имаат сопствен капацитет за раст.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

Latest from Blog

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина навистина може да почне од нула, бидејќи откако Лионел Меси се повлече од репрезентацијата, преговорите со селекторот Лионел Скалони се искомплицираа. Неговата иднина беше неизвесна дури и пред неколку месеци,

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес
Go toTop