Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме системот за контрола и одговорно управување со јавните средства

August 29, 2026
1 min read

29 август 2026 година, Скопје – Силните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните механизми за обезбедување контрола, отчетност и спречување на неправилностите. Во таа насока се и двата значајни чекори преземени во изминатиот период – унапредувањето на соработката меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија и воспоставувањето национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, наведува во објава на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија воспоставивме поцврста институционална основа за заедничко дејствување во заштитата на јавните средства, како и во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија. Ова партнерство значи поголема координација, размена на знаења, искуства и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди. Нашата цел е јасна – посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии“, вели министерката.

Таа посочува дека силен систем не се гради само преку правила и институционални механизми, туку и преку континуирано инвестирање во професионалните капацитети на луѓето кои го спроведуваат системот. Токму во таа насока, за првпат во земјава, преку Министерството за финансии ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор и ќе се воспостави национална сертификација на внатрешните ревизори.

„Со воспоставувањето на националниот испит создаваме услови за посилни професионални капацитети во институциите, поефикасна внатрешна ревизија и дополнително зајакнување на механизмите за законско и одговорно управување со јавните средства. Надворешната и внатрешната ревизија имаат различни улоги, но заедничка цел – јавните средства да се управуваат законски, наменски, ефикасно и одговорно“, истакнува министерката за финансии во објавата.

Димитриеска-Кочоска нагласува дека двата процеса се дел од пошироките активности за унапредување на системот на финансиска контрола и негово приближување кон европските стандарди и практики. И унапредувањето на институционалната соработка со Државниот завод за ревизија и професионализацијата на внатрешната ревизија придонесуваат кон исполнување на обврските и препораките во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, како и кон реализација на реформските процеси предвидени со Реформската агенда.

„Продолжуваме паралелно да ги зајакнуваме институциите, контролните механизми и човечкиот капитал. Секој денар од Буџетот и секое евро од европските фондови се средства на граѓаните, а наша обврска е да обезбедиме тие да се користат одговорно и во нивен интерес“, пишува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објавата на Фејсбук.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

Следно

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

Latest from Blog

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина, а да ја

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Настанот, кој се одржа на Градскиот

Компани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години

Главниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, изрази задоволство од победата на својот тим над Штутгарт, но брзо го намали притисокот и ги потсети своите играчи дека сезоната штотуку започнува. Белгискиот специјалист

Кина забрани објавување на оваа снимка од катастрофата, а веќе го обиколи светот (ВИДЕО)

Поројот однесе сè пред себе додека стотици луѓе бегаа за да си го спасат животот. Сцените снимени од камерите за надзор брзо се проширија на социјалните мрежи и телевизиските екрани, но не
Go toTop