БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

August 29, 2026
2 mins read

БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“.

Настанот, кој се одржа на Градскиот стадион во Крива Паланка, ги обедини рударите и тимовите од „Тораница“ и „Злетово“. На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Валканов, раководството предводено од Георги Валканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници.

Свеченоста беше посветена на рударите и на сите тимови кои со своето знаење, искуство, храброст и одговорност го овозможуваат непреченото функционирање на двата рудника. Беше оддадено признание на луѓето кои работат во јамите, флотациите, геологијата, одржувањето, лабораториите, транспортот, безбедноста, администрацијата и останатите служби вклучени во производствениот процес.

Во рамките на програмата, на 164 вработени им беа доделени јубилејни статуетки и награди за нивната долгогодишна работа, лојалност и придонес во обновувањето и развојот на „Тораница“ и „Злетово“. Признанија добија и најдобрите рудари, кои со својата професионалност, дисциплина и одговорен однос претставуваат пример за своите колеги.

Пред повторното отворање, двата рудника се соочуваа со прекинат производствен процес, запоставени објекти, застарена механизација и неизвесност за иднината на работните места. Со вложување капитал, знаење и организација, производството беше обновено, стручните кадри беа зачувани, а рудниците повторно станаа значајни економски и општествени столбови на Крива Паланка и Пробиштип.

Денес БулМак обезбедува работа за околу 700 лица. Во последните десет години, 45 милиони евра се инвестирани во современа механизација и опрема, со цел унапредување на производството, зголемување на ефикасноста и подобрување на условите за работа. Дополнителни 15 милиони евра се вложени во заштита на животната средина, преку проекти и мерки насочени кон одговорно управување со природните ресурси и намалување на влијанието од производствените процеси.

Значајни резултати се остварени и во производството. Во изминатиот период, „Тораница“ произведе и преработи повеќе од 2,6 милиони тони руда, од кои се добиени над 144.000 тони оловен и цинков концентрат. Зад овие бројки стои заедничката работа на рударите, инженерите, геолозите, механичарите, електричарите, преработувачите и останатите стручни тимови.

Една од главните пораки на свеченоста беше дека производствениот резултат има вистинска вредност само кога е постигнат со безбедна работа и со грижа за здравјето на луѓето. Проверената опрема, јасните процедури, целосната лична заштита и добрата комуникација се основа на секоја успешно завршена смена.

Традиционалниот рударски поздрав „Среќно“ ја изразува меѓусебната грижа и обврската секој рудар да внимава на сопствената безбедност и на човекот кој работи покрај него.

Во наредниот период, компанијата ќе продолжи со технолошко унапредување, стручни обуки и подобрување на работната средина. Посебно внимание ќе биде насочено кон пренесувањето на знаењето и искуството од поискусните рудари на новите генерации.

Работењето на „Тораница“ и „Злетово“ има значајно влијание и врз развојот на локалните заедници. БулМак годишно плаќа околу 1,5 милиони евра концесиски надоместоци кон државата и општините Крива Паланка и Пробиштип, обезбедувајќи директен финансиски придонес за реализација на локални проекти и подобрување на јавните услуги.

Компанијата поддржува и проекти од областа на културата, спортот, здравството, образованието и локалната инфраструктура, со што придонесува за подобрување на условите за живот во средините во кои работи.

По повод нивниот празник, БулМак на сите рудари им посакува добро здравје, безбедна работа и спокојно враќање дома по секоја смена.

Честит Ден на рударите! Среќно!

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Компани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години

Следно

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме системот за контрола и одговорно управување со јавните средства

Latest from Blog

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop