Совршен вкус, здрав и не го зголемува шеќерот во крвта.
Потребно е:
400 г бобинки по ваш избор
2 лажици ксилитол
2 лажици сок од лимон
Подготовка:
Измешајте го овошјето, ксилитолот и сокот од лимон во тенџере, потоа промешајте и оставете го да се вари, мешајќи постојано, на средна температура. Кога ќе зоврие, гответе уште десет минути, мешајќи постојано.
Намалете ја температурата на ниско, потоа гответе уште 20 минути, мешајќи постојано, додека џемот не се згусне. Конечно, истурете го топлиот џем во стерилизирани тегли и покријте. Оставете постепено да се олади и префрлете го во фрижидер.
Извор: kurir.mk

