Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

October 16, 2026
1 min read

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено да се вклучат Бразилецот и Килијан Мбапе во почетниот состав негативно влијае на рамнотежата на тимот.

Винисиус летоска потпиша нов долгорочен договор со мадридскиот клуб по долготрајни преговори, а во трансфер сагата беше вклучен и Арсенал кој се интересираше за Вини. По продолжувањето на договорот, формата на бразилскиот крилен напаѓач значително се влоши и тој не игра на претходното ниво.

„Мислам дека Реал Мадрид требаше да го пушти Винисиус да си замине. Повторно зборуваме за партнерството меѓу Мбапе и Винисиус. Тоа партнерство не ја докажа својата вредност. Па, според мое лично мислење како аналитичар, ќе беше подобро тој да си замине. Да видиме дали може да ги избрише сите негативни мисли и мислења насочени кон него“, рече Десаи.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop