Денес е Светиот апостол Јаков

October 22, 2025
1 min read

Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.

По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос.

Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците.

Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Следно

Перу прогласи вонредна состојба, војската излегува на улиците

Latest from Blog

Орбан: Подготовките за самитот Трамп-Путин во Будимпешта сѐ уште се во тек

Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта сè уште се во тек, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. На својот

Рак со големина на бадем и мала светлечка ајкула, нови видови откриени во Австралија

Во Австралија, научниците открија два нови вида морски животни – полупровиден рак со големина на бадем и мала светлечка ајкула-ламба. Меѓу стотиците примероци собрани од научниците за време на истражувачкото патување беше

АНАЛИЗА: И по Заев, Филипче: Двајцата со синови бизнисмени од 18 години. Аирлија!

Рано утрово, македонската јавност ја расони и едро заголицка веста дека синот на Венко Филипче, претседател на СДСМ и најголем губитник на локалните избори, станал бизнисмен. На свои 18 години, се разбира.

По нецели две години од непријателскиот развод таа се омажи за првиот сосед и пријател забивајќи му ноќ во грб на актерот

Поранешната сопруга на познатиот актер Кевин Костнер, манекенката Кристин Баумгартнер се омажи за нивниот некогашен пријател и сосед, Џош Конор, по нецели две години од разделбата со актерот. Тие се венчаа на
Go toTop