Дел од повредените во пукањата во Србија се уште се во критична состојба

May 7, 2023
1 min read

Единаесет лица од повредените во пукањата што се случија изминативе денови во Србија се наоѓаат во Ургентниот центар, каде во тек се оперативни зафати кај дел од пациентите, пренесе РТС. Дел од пациентите како што соопшти српската министерка за здравство, Даница Грујичиќ се уште се во критична и животозагрозувачка состојба.

„Што се однесува до повредените во престрелката кај Младеновац и Смедерево, кои се во КЦ, две девојчиња се уште се во животна опасност. Девојката која имаше повреда на главата, иако постоперативниот скенер е навистина одличен, за жал и е оштетено левото око, куршумот останал таму. Таа се уште е под седативи, па не можеме целосно да ја процениме нејзината состојба додека не почнеме да ја будиме,“

изјави Грујичиќ.

Критично е и девојчето кое имаше повеќе абдоминални повреди, додаде таа и посочи дека денеска ќе и биде извршена нова интервенција.

„Момчето кое имаше повреда на феморалните артерии и вените на нозете е префрлено на Клиниката за васкуларна хирургија, ќе мора да добие дополнителни интервенции. Мажот кој имаше повреда на градниот кош и повреда на рбетот засега е стабилен, екстубиран и свесен. Разговарав со него, но за жал има параплегија. Што се однесува до момчето што дојде од Смедерево, направена е торакална дренажа, исто така е стабилен и екстубиран,“

додаде министерката.

Во Србија денеска е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Три од жртвите ќе бидат погребани денеска во Дубона, а на белградските гробишта вчера беа погребани четворица ученици и работникот од обезбедувањето во училиштето во Врачар. Во Мало Орашје беа погребани пет млади луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Хитхорн – холандско село без патишта за автомобили

Следно

ГЕРБ ќе алармира во ЕУ за забраната за влез во земјава на бугарскиот европратеник Ковачев

Latest from Blog

Тоневски најавува економски поттик и нови индустриски зони за Пробиштип

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата Директно на Телма телевизија, при што го соопшти неговиот мотив за повторната кандидатура за градоначалник на

Првиот робот што работи домашни задачи наместо луѓето – најдобрата иновација за 2025 година

Хуманоидниот робот Figure 03, создаден од стартапот Figure AI од Силициумската долина, е прогласен за најдобра иновација за 2025 година според магазинот Time. Овој робот е првиот што е способен да извршува

Тоневски: Населба за млади, бесплатен канцелариски простор за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата Директно на Телма телевизија, при што го соопшти неговиот мотив за повторната кандидатура за градоначалник на

Роџерс повеќе не е менаџер на Селтик

Брендан Роџерс повеќе не е на чело на тимот на Селтик, откако искусниот стратег си поднесе оставка на оваа функција. Дермот Дезмонд, човекот кој што го има најголемиот пакет акции на клубот,
Go toTop