Дебата на СДА Македонија: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика

August 6, 2026
2 mins read

СДА Македонија ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина е блокирана однадвор или државата свесно се повлекува од европскиот пат, додека политички, медиумски и економски сè подлабоко се вградува во орбитата на „српскиот свет“.

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, беше домаќин, модератор и воведничар на дебатата. Во дискусијата учествуваа Никица Корубин, поранешна пратеничка и колумнистка; Роберт Алаѓозовски, критичар и поранешен министер за култура; проф. д-р Ана Чупеска, претседателка на Советот на СДСМ; Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА; Џабир Доко, генерален секретар на Партијата за движење на Турците – ТХП; и Петрит Сарачини, новинар и граѓански активист.

Во фокусот беше блокираниот европски пат на Северна Македонија, но и политичката злоупотреба на тој застој како алиби за неработење, уназадување на реформите и продлабочување на изолацијата. Учесниците укажаа дека евроинтеграцијата не е протоколарна надворешнополитичка тема, туку прашање на демократијата, владеењето на правото, институционалната одговорност и стратешката ориентација, безбедност и стабилност на државата.

Дебатата не остави простор за удобната теза дека Северна Македонија мирно стои „помеѓу“ Европа и „српскиот свет“. Земјата веќе е изложена на силно политичко, медиумско, економско и културно влијание од Белград, зад кое јасно се препознаваат и интересите на Кремљ во регионот. Тоа влијание не се шири само преку партиски сојузништва и официјални средби, туку и преку медиумски наративи, пропаганда, историски ревизионизам, верски и културни структури, бизнис-мрежи и континуирано поткопување на довербата во Европската Унија и демократскиот Запад.

„Српскиот свет“ не е невина културна или идентитетска платформа, туку политички проект за регионална доминација, зависност и контрола. Во Северна Македонија, неговото влијание се препознава во нормализирањето на авторитарниот модел на владеење, во преземањето на белградските пропагандни матрици и во растечката толеранција кон руските позиции и интереси.

Учесниците разговараа и за пошироката општествена криза, како што се слабеењето на институциите, партизацијата, растечката политичка неодговорност, притисоците врз медиумите, националистичката мобилизација и систематското производство на страв, поделби и непријатели. Изолацијата, беше нагласено, не е несакана последица од лоша политика. Таа сè повеќе изгледа како политичка цел, затоа што изолираната држава, со слаби институции и дезориентирани граѓани, полесно се контролира.

Изборот пред Северна Македонија затоа не е само меѓу Брисел и Белград. Тоа е избор меѓу демократска и заробена држава, меѓу европски стандарди и авторитарна самоволност, меѓу суверенитет и зависност.

Европската интеграција подразбира реформи, одговорност и ограничување на моќта. „Српскиот свет“, потпрен врз руското влијание, нуди токму спротивното – власт без контрола, институции без автономија, медиуми без слобода и општество заробено во национализам, пропаганда и страв.

Северна Македонија не може бесконечно да глуми дека се движи кон Европа, додека политички, институционално и информациски сè повеќе се оддалечува од неа.

Дебатата помогна да се именуваат процесите што предолго се прикриваат зад дипломатски фрази и политички изговори. Од СДА Македонија најавија продолжување на јавната расправа преку нови настани на овие и сродни теми.

Медиумската продукција на настанот е на ЦИВИЛ МЕДИА.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

Следно

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Latest from Blog

Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

Претседателката на Македонското геолошко друштво, Соња Лепиткова, смета дека Македонија треба да ја искористи можноста што ја има со своите минерални ресурси, но тоа да го прави внимателно, одговорно и под строг

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Словенија го бележи најдолгиот топлотен бран во својата историја, откако деветти ден по ред температурите надминуваат 35 Целзиусови степени. Според словенечката Агенција за животна средина, денешниот ден е последен од рекордниот топлотен

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади
Go toTop