Данците со помош на апликации ги бојкотираат американските производи во супермаркетите

January 22, 2026
1 min read

Гневот во Данска поради спорот со САД во врска со Гренланд се шири и низ супермаркетите, при што некои потрошувачи избираат да ги бојкотираат американските производи, јави ДПА.

Стоките од САД сè повеќе се изоставуваат од списоците за купување, а новите апликации за паметни телефони им овозможуваат на купувачите да скенираат прехранбени производи за да го проверат нивното потекло. Таква апликација е и „УденУСА“ (‘UdenUSA’ – ‘Без САД’). Ја развиле 21-годишниот Јонас Пипер од Данска и неговиот пријател Малте Хенсберг, чија замисла го доби својот облик лани, кога американскиот претседател Доналд Трамп првпат сериозно се закани дека ќе ја преземе контролата врз во голема мера автономната арктичка територија Гренланд, којашто сепак, е под врховна власт на Кралството Данска.

Бран протести во Данска во тоа време доведоа до создавање Фејсбук-група посветена на бојкот на стоките од САД. Групата сега има повеќе од 100.000 членови, во држава со околу шест милиони луѓе.

Пипер изјави за ДПА, дека многу потрошувачи сакаат да престанат да купуваат храна од САД, но честопати им е тешко да го идентификуваат потеклото на производите во супермаркет. Според него, апликацијата има за цел да го реши тоа со означување на земјата на потекло и предлага алтернативи од европски производители.

До денеска „УденУСА“ се рангираше на прво место меѓу бесплатните апликации во „Ап стор“ (App Store) во Данска.

Целокупното влијание на бојкотот останува неизвесно. Економијата на Данска е релативно мала и само ограничен број прехранбени производи се увезуваат директно од САД. Дури и ако значителен број потрошувачи избегнуваат американски стоки, ова веројатно нема да резултира со значајни економски или политички последици, според Саша Рајтел – професор по маркетинг на германскиот Слободен универзитет во Берлин. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симеоне: Пласманот меѓу првите 8 повеќе не зависи само од нас

Следно

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Latest from Blog

Поплави и лизгање на земјиштето во Нов Зеланд, во тек е потрагата по исчезнати лица!

Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, за кои се верува дека се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето погоди камп во планината Маунгануи.

Која е разликата меѓу обичен и грчки јогурт?

Иако изгледаат слично, обичниот и грчкиот јогурт имаат значителни разлики во протеините и нивниот ефект врз варењето на храната. Дознајте кој е подобар избор за вашата исхрана и чувство на ситост. Главната

Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави  иницијативата на  Министерството за

Божиновска: Македонија го модернизира енергетскиот пазар по европски стандарди

Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), со

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно
Go toTop