Чупеска: Мицкоски да не создава конфузија, ако има конкретен предлог за одблокирање на преговорите со ЕУ да го каже јасно и гласно

October 9, 2024
1 min read

„Не треба да се создава конфузија, ниту пак да се мистифицираат можните решенија, ова особено ако ја земеме во предвид последната изјава на министерот за евроинтеграции Муртезани“, вели за Рацин.мк проф. д-р Ана Чупеска од Катедрата за политички науки на Правен факултет при УКИМ, на прашањето на Рацин.мк во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој во последните настапи го нуди Преспанскиот договор како модел за одложена примена на уставните измени во спорот со Бугарија околу внесувањето на бугарското малцинство во Македонија како услов на продолжување на преговорите со ЕУ.  

Чупеска вели дека „освен што е во најмала рака чудна еластичноста на ставовите кои ги презентира премиерот во врска со Преспанскиот Договор, т.е. од ништовен до урнек договор, индикативно е тоа што истовремено испраќа и амбивалентни надворешно политички пораки“.

„Многу е важно на граѓаните да им се понуди конкретно решение и, истовремено, да не се испраќаат амбивалетни надворешно политички сигнали“, укажува професорката Чупеска.

Таа го појаснува и статусот на трите документи. Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ, која има, би рекла извесни мултилатерални аспекти, вели Чупеска, се драстично различни.

„Точно е дека во Преспанскиот договор има клаузула за одложено дејство, но таква иста клаузула, според сите укажувања од челниците на ЕУ, а и според општа логика, не е јасно како дополнително би се вметнала во постоечката Преговарачка Рамка. Освен по статус и по содржина овие два договори и преговарачката рамка имаат и различен предмет на интерес, односно различен предмет на регулација“, образложува за Рацин.мк Чупеска.

Но, истакнува Чупеска, доколку навистина има воља да се најде решение за одблокирање на преговорите, тоа треба да се каже јасно и прецизно.

„Ако навистина има такво решение, сите политички сили треба да смогнат сили и да се здружат да го етаблираат како валидно и одржливо, за да може земјата да продолжи на патот на интеграцијата. ЕУ е наша ултимативна стратешка дестинација“, смета проф. д-р Ана Чупеска од Катедрата за политички науки на Правен факултет при УКИМ .

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

Следно

Како до правда за сите?! – Филков: Реформите се болни, ама колку и да болат ќе ги спроведеме

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop