Чудото Пафос, голеада во Прага за реми!

September 17, 2025
1 min read
Фото: Славија Прага Х

Олимпијакос не ја оправда фаворитската улога против дебитантот во Лигата на шампиони, Пафос, откако во Атина одиграа без голови 0-0. Колку беше немоќен грчкиот тим говори и фактот дека речиси цел час играше со фудбалер повеќе, откако гостите во 26-та минута останаа без Бруно, кој доби црвен картон.

За разлика од Атина во Прага бевме сведоци на фудбалска класика, каде Славија и Бодо одиграа неверојатен натпревар, кој траеше околу 100 минути и заврши без победник. Конечните 2-2 се позитива за гостите кои стигнаа до големиот бод, иако имаа негатива од 2-0 кога Славија преку двата голови на Мбоџи имаа контрола на играта и на резултатот. Сепак норвешкиот тим не се откажа од натпреварот, прво утна пенал при 1-0, преку Хок, за да Баси во 78-та минута и Фат во 90-та минута донесат молк на „Фортуна Арената“ во Прага. Гостите ја имаа среќата и во 101-та минута кога Шранц имаше зицер од пет метри, кој беше одбранет од голманот Хаикин.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пронајдени шест деца заклучени во магацин во Милвоки

Следно

Редарите на „Енфилд“ спречија најсрамна сцена: Симеоне тргна во пресметка со навивачите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Се ожени Кијану Ривс- со Александра тајно се венчале во Европа

Најблиските пријатели на двојката нагласуваат дека Александра „беше негова најголема поддршка и му помогна да ги излечи раните предизвикани од бројните животни трагедии“. „Оваа одлука совршено ја одразува добро познатата скромност и

ЛШ: Рашфорд го замолкна „Ст. Џејмс Парк“, Наполи со играч помалку не можеше со Сити (ВИДЕО)

Со два гола на Маркус Рашфорд, Барселона победнички го почна настапот во Лигата на шампионите на гостински терен кај Њукасл, во едно од двете големи дербија вечерва во последните дуели од 1.

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот

Шмајхел: Од сите голмани, Манчестер Ј. купи голман за кого првпат слушнав

фото: SimplyUtd (X) Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека неговиот поранешен клуб го донесе погрешниот голман како замена за Онана. Според Шмајхел, тој самиот никогаш не слушнал за Сене Ламенс,
Go toTop