Четири родителски навики кои може да ја уништат самодовербата и отпорноста на децата

October 20, 2025
1 min read

Ова се некои од родителските начини на кои родителите реагираат на детските грешки и емоции, и долгорочно ја обликуваат нивната самодоверба.

1. Преголема заштита

Кога родителите се обидуваат да спречат секоја можна тешкотија, децата немаат можност да научат како да се справат со предизвиците. Советниците и терапевтите предупредуваат дека таквиот пристап може да создаде чувство на несигурност и зависност од другите. Децата кои никогаш не доживуваат успех често развиваат страв од грешки и на крајот ја избегнуваат секоја ситуација во која би можеле да направат грешка.

2. Постојана критика и споредба

Критикувањето и споредувањето со другите деца може сериозно да ја оштети сликата на детето за себе. Кога детето постојано слуша дека не е доволно добро, почнува да верува дека не може ништо да постигне. Наместо постојана анализа, експертите советуваат да се фокусираат на трудот и напредокот, зашто така ќе израдат внатрешна мотивација и здрава самодоверба.

3. Решавање проблеми за детето

Родителите кои постојано го „спасуваат“ своето дете и го решаваат секој негов проблем го спречуваат да развие чувство на одговорност. Терапевтите нагласуваат дека децата мора да имаат можност да донесуваат одлуки и да учат од последиците. Кога родителот презема сè врз себе, детето не учи да им верува на сопствените способности или да ги препознава сопствените силни страни.

4. Отфрлање на емоциите

Речениците како „не плачи“ или „не е ништо сериозно“ може да изгледаат смирувачки, но ако се користат долгорочно тие му испраќаат порака на детето дека неговите емоции не се важни. Децата на кои не им е дозволено да покажат тага, страв или лутина честопати се повлекуваат во себе и развиваат чувство на срам за своите чувства. Отвореното зборување за емоциите и прифаќањето на реакциите на вашето дете се клучни за развивање на емоционална отпорност и сигурност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Младите Мароканци се нови светски шампиони во фудбал (ВИДЕО)

Следно

Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини

Latest from Blog

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со честитка до ВМРО-ДПМНЕ за победата на локалните избори

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  за “изборниот успех на локалните избори”. Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското

Лувр повторно отворен еден ден по грабежот, дел од музејот останува затворен

Најголемиот музеј во светот, Лувр во Париз, денес ги отвори вратите за посетителите, еден ден по грабежот во кој беше украден скапоцен кралски накит, изјави прес-службата на музејот за француската телевизија BFMTV.

Бела пилешка чорба

Ако барате топло, кремасто јадење што ќе ве стопли во студените денови или веќе од првиот залак ќе ве потсети на домашната кујна – белата пилешка чорба е вистинскиот избор. Комбинацијата од
Go toTop