Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и поради тоа се стравуваше дека ќе мора да оди и на операција.
Сепак, младиот голгетер имаше среќа и нема да има потреба од операција, но ќе му треба подолг период на закрепнување кој ќе трае приближно 10 недели.
Извор: vecer.mk