Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи за трансфер на бразилскиот играч од средниот ред Андреj Сантос.
Договорот е вреден 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра), при што 48 милиони фунти ќе бидат исплатени веднаш, додека дополнителни 2 милиони фунти се поврзани со лесно остварливи бонуси. Лондонскиот клуб, исто така, ќе задржи десет проценти од секоја последователна продажба на играчот.
Преговорите беа завршени многу брзо, бидејќи Јунајтед официјално го изрази својот интерес за 22-годишниот Бразилец во текот на викендот.
На Сантос му е дадена дозвола да помине медицински прегледи, по што ќе потпише договор со клубот од Олд Трафорд.
Во исто време, се очекува и неговиот сонародник Едерсон да помине медицински прегледи, кој треба да пристигне од Аталанта за 35 милиони фунти, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство.
Доведувањето играчи од средниот ред е апсолутен приоритет за Манчестер Јунајтед ова лето.
Искусниот Касемиро го напушти клубот на крајот од неговиот договор, додека Мануел Угарте беше отсутен подолг период поради сериозна повреда на предниот вкрстен лигамент.
Клубот првично се обиде да го потпише Елиот Андерсон од Нотингем Форест, но бараната цена надмина 110 милиони фунти.
Извор: vecer.mk

