Чад од фурна ги „гуши“ соседите во Куманово – граѓаните се жалат, тие се бранат со лабораториски резултати

October 21, 2024
1 min read

Од големиот чад што излегува од фурната, жителите од оваа населба велат дека не можат слободно да дишат.

Оваа фурна зад мене се наоѓа во Куманово, поконкретно на улицата „Србо Томовиќ“, која ги вознемирува граѓаните поради чадот што се шири.

Овде во близина има куќи и згради, на кои како што велат жителите, им се оштетуваат фасадите на објектите и не можат да отворат прозорци за да проветрат. Тие исто така се жалат за здравјето поради чадот што го дишат.

„Не знам со што ја пали, но има чад што ни смета, никогаш не можеме да застанеме на нашите тераси. Прозорците се обично затемнети црни што треба да се чистат речиси секој ден. Имаше 2-3 пати поплака до општината до инспекторатот да преземе мерки, да се постават подобри филтри за приспособување на животната средина, за да не ни пречи и немаше одговор од инспекторатот, добивме писмен одговор  дека ќе се преземат мерки но не се преземени конкретни мерки“, вели Ридван Хасани.

„Искрено имаме проблем со овој бизнис што се води овде, легален е но не ги исполнува условите за работа, бидејќи го загадува воздухот преку ден и е загрижувачко ова што се случува“, вели Абедин Беќири.

Од колку до колку часот е така?

„Нема работно време но можам да речам дека секој ден е исто од наутро до доцна навечер“.

Има и жители на кои не им пречи фурната, но бараат да се постават барем филтри.

Граѓаните уште во 2022 доставиле барање до општината да се преземат мерки.

Од општината ги известиле дека Инспекторатот за животна средина излегол на терен и извршил контрола и дека било наредено за 7 дена да се постави филтер за чадот и да се мери емитирањето на честичките и гасот што излегуваат во воздухот.

Од фурната ни покажаа документ од лабораторија за животна средина во кој се вели дека нема надминување на дозволените вредности.

ТВ21 испрати прашање до општина Куманово за новите поплаки на граѓаните, од каде чекаме одговор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Мицкоски од Салцбург: Преспанскиот договор е брилијантно ремек-дело на дипломатијата

Следно

Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови за развој на инфраструктурата

Latest from Blog

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој

Слот за враќањето на Трент на „Енфилд“: За него имам само убави зборови, добредојден е!

фото: Anfield Brasil (X) Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите откри како ќе го пречека дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, кој претходно играше за „црвените“. Утре Ливерпул е домаќин на
Go toTop