Фрајбург само го налути Баерн (М) откако успеа да направи водство од 0:2 на гостувањето на „Алијанц Арена“ попладнево во мечот од 11 коло на Бундеслигата. Домашните се вратија во живот, до полувреме веќе израмнија на 2:2, а во вториот дел со четири гола успеаја и тотално да го демолираат ривалот победувајќи со вкупни 6:2.
Вистинска драма ова попладне во Бундеслигата имаше во Дортмунд, каде Борусија иако водеше неколкупати, на крајот не успеа да слави. „Милионерите“ одиграа само 3:3 против екипата на Штутгарт, само поради неверојатниот Ундав кој постигна хет-трик за гостите и сам им донесе реми на популарните „шваби“.
Во останатите дуели беа постигнати следните резултати:
Аугсбург – ХСВ 1:0
Хајденхајм – Борусија (М) 0:3
Волфсбург – Леверкузен 1:3
Извор: vecer.mk


