Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ избришан од Централниот регистар

March 22, 2023
1 min read

Централниот регистар го избриша бугарскиот центар откако министерот за правда Кренар Лога минатата недела го одби како неосновано барањето на бугарското здружение во Битола за употреба на името Иван Михајлов во својот назив

Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола е избришан од Централниот регистар.

Принтскрин: Централен регистар

Централниот регистар го избриша центарот откако министерот за правда Кренар Лога минатата недела го одби како неосновано барањето на бугарското здружение во Битола за употреба на името Иван Михајлов во својот назив.

Ваквата одлука, пак, Лога ја втемели на претходно добиеното негативно мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња и личности во врска со барањето за употреба на името Иван Михајлов, поднесено од страна на здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ – Битола. 

Во образложението од Правда за ваквата одлука, тогаш беше наведено дека името на Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ, со оглед на тоа што се работи за личност блиска со фашистичката идеологија, која со своето дејствување ги негирала македонскиот идентитет, јазик и култура, притоа предизвикувајќи омраза во македонското општество.

Во реакција на одлуката на министерот за правда, претседателот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Георгиевски, во објава на Фејсбук минатата недела напиша дека името кое го носи културниот центар не е запишано во централните регистри, туку, како што вели, во срцата на луѓето во Македонија.

Додаде и дека македонските Бугари знаат по кој пат треба да оди Македонија и потенцира дека ќе стигнат дури и до Судот во Стразбур барајќи ги своите права.

Бугарските клубови „Иван (Ванчо) Михајлов“ од Битола и „Цар Борис Трети“ од Охрид заклучно со 16 февруари годинава требаше да поднесат барање до Централниот регистар за смена на своите имиња, согласно измените во Законот за фондации и здруженија.

Законските измени, според кои овие два клуба требаше да поднесат барање за смена на своите имиња, предвидуваат забрана граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл.

Законот предвидува дека одобрение за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имиња на историски личности, која ја формира самиот министер.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР светна во боите на Германија по повод утрешната посета на Бербок

Следно

(ВИДЕО) Аријан Адеми заминува од Динамо Загреб, соиграчите со емотивни пораки се збогуваа со него

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop