Бугарската православна црква ја потврди автокефалноста на МПЦ

January 10, 2026
1 min read

Во новогодишното интервју, бугарскиот патријарх објасни дека Бугарската православна црква го признава автокефалниот статус на Македонската православна црква и дека спомнувањето на архиепископот Стефан на светата литургија поминало без реакции и без отворање нови спорови во православниот свет.

Во новогодишното интервју за првата програма на Бугарска Национална Телевизија, бугарскиот патријарх Даниил се осврна на повеќе актуелни црковни прашања, меѓу кои и на темата за признавањето на автокефалноста во православниот свет, пренесе Литургија.

Тој потсети дека на 26 декември, за време на светата литургија во црквата „Св. Георгиј“, вселенскиот патријарх Вартоломеј го спомнал „митрополит Епифаниј“ како еден од претстоителите на помесните православни цркви, на чија црква ѝ бил доделен томос за автокефалија.

 

Следниот ден, пак, во црквата ’Св. Стефан’, каде што јас началствував на светата литургија, го спомнавме архиепископот г.г. Стефан на Православната Црква во Северна Македонија. Бугарската Црква го признава автокефалниот статус на Македонската Православна Црква и никој не направи проблем.

Немаше прашања од типот: ’зошто го спомнувате архиепископот Стефан, кога нема томос од Вселенската Патријаршија и кога сè уште нема општо православно решение по тоа прашање’ – изјави патријархот Даниил.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки

Следно

Пет хороскопски знаци кои се најпосесивни во љубовта

Latest from Blog

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во

Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано. Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување
Go toTop