Бројот на убиени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Запорожје се зголеми на осум

December 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени во рускиот ракетен напад доцна синоќа врз украинскиот град Запорожје се искачи на осум, соопштија денес локалните власти, јавува Анадолу.

„Уште едно тело е извлечено од урнатините во Запорожје. Досега осум лица се убиени во руски ракетен напад врз приватна медицинска установа во градот“, објави Украинската државна служба за итни случаи на Телеграм.

Понатаму во соопштението се наведува дека во нападот се повредени уште 22 лица, меѓу кои и едно дете.

Исто така, се наведува дека на местото на нападот во тек се операции за пребарување и спасување, стравувајќи дека сѐ уште е можно да има заробени луѓе под урнатините.

Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, исто така, го потврди бројот на жртвите, пишувајќи на Телеграм дека во нападот врз подрачјето на градот Вознесенивскји се оштетени 20 станбени згради и три други згради во градот кои не се станбени.

Доцна синоќа Федоров објави дека во нападот загинале четири лица, а 20 се повредени.

„Сега немаме доволно системи за да ја заштитиме нашата земја од руските ракети. Но нашите партнери ги имаат овие системи. Повторуваме, повторно и повторно, дека системите за противвоздушна одбрана треба да спасуваат животи, а не да собираат прав во базите за складирање“, рече претседателот Владимир Зеленски во вечерното видеообраќање.

Руските власти сѐ уште не го коментираа инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Проф. Кекеновски: Ќе ве причекаме претседателе на Уставниот Суд, но вие да си постапите според одредбите од актот на уставниот суд на РМ

Следно

„Никогаш не ги оставивме сами нашите браќа ниту при израелските злосторства во Газа ниту во сириската криза“

Latest from Blog

Белата куќа објави црно-бела фотографија од Трамп и Зеленски

Белата куќа објави црно-бела фотографија од Доналд Трамп и Володимир Зеленски, направена попладнево. Објавата беше придружена со цитат од американскиот претседател од состанок на тркалезна маса, во кој тој се осврна на

Три навики кои тивко го уништуваат бракот: Обрнете внимание пред да биде доцна

Бракот најчесто не го уништуваат големите кавги туку она што се случува во тишина – секојдневните, суптилни навики кои полека, но сигурно ја нарушуваат поврзаноста и блискоста меѓу партнерите. Во продолжение прочитајте

ИЗБОРЕН МОЛК

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк за локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 19 октомври. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат
Go toTop