Брнабиќ: Ќе ја почитуваме одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите, но нема да дозволиме нереди

April 4, 2024
1 min read

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ изјави дека ќе ја почитува одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите во Белград, но дека „нема да дозволи немири“, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ во гостувањето на телевизија Хепи рече дека опозициските политичари останале нејасни и „намерно не кажале дека ќе ги бојкотираат изборите“.

-Се надевам дека ќе излезат, но ако не излезат, тоа е нивна политичка одлука. Она што е недозволиво се нереди и спречување други луѓе да гласаат, рече Брнабиќ.

Брнабиќ во средата ги распиша изборите за советници на Собранието на Белград за 2 јуни 2024 година, откако без договор завршија разговорите меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови преку спроведување на препораките на ОДИХР.

Опозициските коалиции „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА побараа локалните избори да се одржат истиот ден во оние места во Србија каде што не се гласаше на 17 декември минатата година, но тоа барање не беше прифатено.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Следно

Израелската армија приведе над 40 Палестинци во рациите на Западниот Брег

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop