Брисел го поздрави разговорот меѓу Ѓинпинг и Зеленски: Ова е важен чекор кој Кина требаше да го направи одамна 

April 26, 2023
1 min read

Кинеското раководство, како што навел портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, треба да го искористи своето влијание за да ја убеди Русија да стави крај на војната, да го врати територијалниот интегритет на Украина и да го почитува нејзиниот суверенитет

Брисел го поздрави разговорот што денеска телефонски го остварија кинескиот лидер Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кој се верува дека е нивна прва комуникација откако Русија ја нападна Украина на 24 февраури, минатата година. 

Илустративна фотографија/Фото: Архива

 „Ова е важен, одамна задоцнет прв чекор на Кина во исполнувањето на своите одговорности како членка на Советот за безбедност на ОН“,

изјавил денеска портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) 

Кина, како што истакнал Мамер, треба да го искористи своето влијание и да ја убеди Москва да стави кај на агресијата. 

 „Кинеското раководство треба да го искористи своето влијание за да ја убеди Русија да стави крај на војната, да го врати територијалниот интегритет на Украина и да го почитува нејзиниот суверенитет, како основа за праведен мир“,

истакнал портпаролот на ЕК.  

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имал „долг и суштински“ телефонски разговор со својот кинески колега, изразувајќи уверување дека тоа ќе даде моќен поттик за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.    

Кина, како што јавувија тамошните државни медиуми, ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара со сите страни за решавање на кризата во Украина. Ова, како што се наведува, му го рекол кинескиот претседател на својот украински колега во разговорот. 

Според извештајот на кинеската државна телевизија Си-си-ти-ви (CCTV), Ѓинпинг на Зеленски му рекол дека Кина ќе се фокусира на промовирање мировни разговори и ќе вложи напори за прекин на огнот што е можно поскоро. 

Пекинг се обидува да се прикаже како неутрален во однос на руската инвазија на Украина, но, никогаш не ги криеше своите блиски врски со Москва, ниту ја осуди инвазијата, а минатиот месец претседателот Ѓинпинг беше во дводневна посета на Русија. 

Кина во февруари годинава објави документ од 12 точки во кој го изрази својот став за конфликтот во Украина и понуди предлози за негово надминување.   

Сепак, како што потсетуваат светските агенции, некои дипломати сметаат дека овој документ може да послужи како хуман план кој треба да ги поттикне Москва и Киев на разговори. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО: Смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто од јануари

Следно

Навални обвинет за тероризам, поврзан со бомбашкиот напад во Санкт Петербург

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop