Brif.mk: Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност

December 3, 2025
2 mins read

Првиот чекор во подземен рудник никогаш не е директно кон јамата. Првиот чекор е кон обуката, независно дали станува збор за млад практикант, студент на магистерски студии, нов вработен, инженер, надворешен изведувач или гостин кој само накратко ќе прошета низ погоните. Никој не влегува во Рудникот Злетово без да ги помине правилата за безбедност. Дејанче Тонев, Главен инженер за безбедност и заштита при работа во „Булмак 2016“ објаснува дека во рудникот обуката не е формалност за да се потпише лист хартија, туку процес секој посетител да се запознае со рудникот и како да се движи во него.

„Не е важно дали е еднодневна посета секој добива јасен брифинг за лежиштето Злетово, за движењето низ јамските простории, за личната заштитна опрема и основните ‘не смееш“, односно не допирај кабли, вентили, прекинувачи, слушај ги ознаките и водичот. За надворешните изведувачи и оние што ќе работат во рудникот, обуката е подетална – со конкретни процедури по работно место, правила за работа со механизација и јасно објаснети протоколи во случај на незгода“, објаснува Дејанче Тонев, Главен инженер за безбедност и заштита при работа во „Булмак 2016“ кого го запознавме за време на обука на млади практиканти во рудникот.

„Посебен фокус во нашето работење се младите. Редовно доаѓаат студенти и практиканти од средните училишта во Пробиштип – од машинската и од рударско-геолошката струка. Тие добиваат свои ментори, машински електро, рударски и геолошки инженери, кои ги водат низ реалните процеси од истражувања и откопување, до транспорт, флотација и одржување на механизацијата. Теоријата брзо се претвора во практика на кругот на рудникот, каде секој млад човек учи не само како се вади рудата, туку и како тоа да се прави безбедно, со почит кон правилата на рудникот и кон тимот. Се запознаваат со правилна употреба на личната заштитна опрема (ЛЗО) што задолжително им се доделува, правилата за движење низ јамските простории и однесувањето во близина на рударската механизација и инсталациите“, објаснува Тонев.

 

На просторот меѓу Кратово и Злетово во западните делови на Осоговскиот планински масив во северно источна Македонија, се наоѓа злетовското рудно наоѓалиште на подземниот рудник Злетово, кое денес работи со две извозни окна. Првото е наменето за транспорт на руда и одводнување и Окно 3 кое е наменето за транспорт на луѓе и материјали. Со Тонев разговаравме и за мерките што се преземаат за заштита на рударите во рудникот, каде оловно – цинкова руда се експлоатира подземно, како и во Флотацијата во Пробиштип, каде се добива оловниот и цинков концетрат.

„Во сите рудници безбедноста е на прво место. Секоја работа која е завршена на небезбеден или ризичен начин се смета дека е завршена неуспешно. Не смее да се кратат постапките или начинот на кој е опишано по упатството за таа работна операција. Пред почетокот на смената вработените прават примопредавање и од аспект на безбедност на тоа работилиште. Работоводителот или сменскиот инженер за производство во јама укажуваат ако постојат ризиците при извршување на работните задачи како и на што да обрнат посебно внимание  од аспект на безбедност. Доколку се применуваат упатствата за работа од аспект на безбедност од збирката на упатства за секое работилиште, тогаш безбедноста при работењето е на многу високо ниво и повредите воопшто не се случувааат. Во нашата компанија цел ни е нула повреди при работењето“, потенцира Тонев.

Целиот текст на brif.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Влаховиќ мора на операција, најмалку до март ќе биде во „аут“!

Следно

Коњановски: Хепенингот „Обоиме во пријател“ го донесе сонцето во Битола

Latest from Blog

Коњановски: Хепенингот „Обоиме во пријател“ го донесе сонцето во Битола

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Лајонс клубот Кабадаја организираше хуманитарен хепенинг под мотото „Сонцето свети за сите или обоиме во пријател“. Настанот, кој се одржа во Битола,

Утре ја имаме последната Супермесечина за оваа година: ќе биде поголема и посветла од вообичаеното (ВИДЕО)

Подгответе се за небесен спектакл додека последната полна месечина за 2025 година излегува во полн сјај. В четврток, 4 декември, додека северната хемисфера се подготвува за зима, таканаречената Студена Супермесечина ќе се

Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска, ВМРО-ДПМНЕ со барање за договор за една анкетна за трагедиите

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како

Тоневски го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Пробиштип

Денес, во Дневниот центар во Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски заедно со вработените и корисниците го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. „Лицата со попреченост заслужуваат да ги користат сите права рамноправно
Go toTop