Бразил: Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата се зголеми на 40

February 21, 2023
1 min read

САО ПАОЛО (АА) – Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата по обилните врнежи што ја погодија бразилската држава Сао Паоло е зголемен на 40, пренесува Анадолу.

Гувернерот на Сао Паоло, Тарцисио Гомес де Фреитас, вчера изјави дека во пет провинции е прогласена состојба на катастрофа поради обилните дождови.

Тој додаде дека 228 лица се евакуирани поради поплавите и свлечиштата, 338 останале без покрив над главата, а 40 го загубиле животот.

„Два хеликоптери на вооружените сили се испратени во регионот за поддршка на напорите за пребарување и спасување, а седум авиони се подготвени за хуманитарна помош“, рече тој.

Фрејтас, исто така, објави дека во подрачјето на катастрофата е испратена помош од 1,5 милиони долари.

Државниот метеоролошки завод соопшти дека во последните 24 часа во земјава во државата паднало дожд колку што се очекува за цел февруари.

Обилните дождови ги блокираа патиштата, далноводите, комуникациите и превозот на патници.

Карневалските прослави наводно се откажани во многу градови, а десетици луѓе исчезнале.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва објави на Твитер дека ќе го посети подрачјето погодено од катастрофата.

„Ќе се обединиме со сите единици на државата и со социјална солидарност ќе се погрижиме за повредените. Ќе ги бараме исчезнатите и ќе ги обновиме патиштата, енергетските и телекомуникациските врски во регионот“, рече Лула.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Само 15 милиони евра, а не 30 вреди конфискуваниот недвижен имот на Сашо Мијалков

Следно

Надлежните во акција за чистење на јавните површини во центарот на Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop