Братот на фудбалерот Атсу од Хатајспор, со пријателите чека покрај урнатините: „Жив е, не губиме надеж“

February 17, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – СУЛЕЈМАН ЕЛЧИН –

Роднините на Кристијан Атсу, фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајспор, кој сѐ уште не е пронајден под урнатините на резиденцијата во Антакија, веруваат дека тој е жив, известува Анадолу.

Спасувачките тимови продолжуваат со претрагата и спасувањето на луѓето под урнатините на резиденцијата „Ренесанс“, каде што се наоѓаше и куќата на 30-годишниот фудбалер од Гана.

Исан Тваса, братот на Атсу кој пристигна во Хатај по земјотресот, неговиот менаџер Нана Сешере, пријателите и службениците од Конзулатот на Гана, со надеж чекаат покрај урнатините.

Тие секој ден рано наутро доаѓаат на тоа подрачје, ги следат работите и се молат за среќни вести.

Во близина на урнатините запалија оган за да се загреат, чекајќи да добијат каква било информација за Атсу.

Менаџерот Нана Сешаре за Анадолу изјави дека Туркије доживеала голема катастрофа.

„Со денови сме тука. Веруваме дека Атсу е жив. Сѐ уште се надеваме. Се обидуваме да го пронајдеме. Извлекуваат премногу тела. Се молиме тој да не е меѓу нив“, рече Сешаре.

Тој верува дека постои уште една можност освен дека Атсу е под урнатините.

Сешаре смета дека Атсу е во некоја болница или во кома во некое место.

„Сакаме неговата фотографија да се испрати во болниците. Можеби излегол од под урнатините по земјотресот, но во моментов е во кома. Можеби луѓето не го познавале Атсу. Секој што ќе го види, би требало да контактира со нас или АФАД. Сакаме да го пронајдеме“, истакна Сешаре.

Надеж дека е жив има и неговиот град Исак Твасам.

„Жив е, не губиме надеж. Нема да заминам додека не го пронајдам Атсу. Верувам дека ќе го пронајдеме жив“, додаде Твасам.

Спасувачките екипи на теренот и на 12. ден од земјотресот работат на пребарување и спасување на луѓето кои се под урнатините.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. Во земјотресот се погодени 11 турски области со повеќе од 13 милиони луѓе.

Во земјотресите досега животот го загубија 38.044 лица. Во овие земјотреси имаа катастрофални последици и во соседна Сирија, каде што загинаа повеќе од 3.600 лица, а над 14.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојава за бомба во 12 скопски училишта

Следно

Сирија: Шаторите се засолниште за илјадници жртви на земјотресите во Џандарис

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop