Божиновска: Македонија ги отвора вратите за нови енергетски партнерства со Австрија

October 7, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска престојува во Виена, каде што на покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Посетата е можност Македонија да ги претстави своите енергетски приоритети пред европски институции, претставници на јавниот сектор, дипломати и идни носители на одлуки, со фокус на отворање нови можности за соработка, размена на искуства и продлабочување на партнерствата во енергетиката.

Во рамки на престојот, Божиновска ќе оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. На средбата ќе се разговара за билатералната и економската соработка, енергетската транзиција, сигурноста во снабдувањето и можностите за нови форми на соработка од заеднички интерес.

Божиновска ќе има и обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена, каде што ќе говори за енергетската транзиција и актуелните состојби во македонскиот енергетски сектор.

Пред идните дипломати ќе бидат презентирани реформите во енергетиката, развојот на обновливите извори, модернизацијата на инфраструктурата, постепеното напуштање на јагленот и процесот на праведна енергетска транзиција.

Во фокусот ќе бидат и енергетската сигурност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и интеграцијата на Македонија во европскиот енергетски пазар.

Особено значење имаат новите регионални енергетски коридори, меѓу кои и Вертикалниот гасен коридор, кој треба да придонесе кон диверзификација на изворите и поголема сигурност на снабдувањето.

Програмата „Жени лидери 2026“ е посветена на зајакнувањето на женското лидерство и современите предизвици во јавниот сектор, вклучувајќи го управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија.

Од Министерството посочуваат дека активната меѓународна агенда е насочена кон зајакнување на партнерствата во регионот и Европа, отворање можности за нови инвестиции и поставување на македонските енергетски интереси во пошироките европски процеси.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Честитки до Јустина Широка Пула, Косово има потреба од стабилност и единство

Следно

Димитриеска – Кочоска: Една година по СЕПА, граѓаните и компаниите имаат полесни плаќања во евра

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: Една година по СЕПА, граѓаните и компаниите имаат полесни плаќања во евра

Една година по приклучувањето на Македонија кон СЕПА, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа посочува дека приклучувањето кон Единствената европска

Меџити: Честитки до Јустина Широка Пула, Косово има потреба од стабилност и единство

Изет Меџити го поздрави изборот на академичката Јустина Широка Пула за нова претседателка на Косово, оценувајќи дека нејзиниот избор претставува признание за нејзиниот интелектуален и академски придонес. „Новата претседателка на Косово, академичката

Божиновска: Градиме поголема енергетска сигурност преку регионално поврзување

На вториот регионален состанок во Белград, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговараше за конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност во
Go toTop