Борел: ЕУ практично ги исцрпи сите можности за санкции против Русија

March 10, 2023
1 min read

 Шефот на европската дипломатија  Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“ денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.

„Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, рече Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.

На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија, дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.

„Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската инвазија на Украина.

Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето санкции и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

„На Украина и требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, вели тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан: Трета светска војна? Блиску е

Следно

Стојаноска: За шест години власта ништо не направи за справување со корупцијата напротив таа е главна улога во креирањето на коруптивен систем во Македонија

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop