Богоев: Ме сменија од директор на МКЦ бидејќи не сакав да потпишам решение за вработување на Бени Шаќири

January 18, 2023
1 min read

Не сакав да го потпишам решението за вработување на Бени Шаќири и затоа ме сменија од функцијата директор, изјави за „Република“ Ванчо Богоев, сега веќе разрешниот директор на Младински културен центар (МКЦ).

Програмскиот колегиум на МКЦ испрати соопштение до медиумите во кое вели дека МКЦ повторно е на мета на партиски мегдан и соопштува дека институцијата добила нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

Богоев во разговор за „Република“ објаснува дека бил под неверојатен притисок од генералниот секретар на Град Скопје Зоран Глигоров.

Тоа беа вербални притисоци, навреди од генералниот секретар на Град Скопје. Тој инсистираше да потпишам вработување на Шаќири, но јас не подлегнав на притистоците. На институцијата не и беше потребен кадар од типот на Шаќири. Потпишав друго решение, преку Агенцијата за приверемни вработувања, за Никола Алексов, бидејќи ни беше потребено да има вработен на таа позиција. Колегата си замина во пензија и поради тоа го потпишав решението. Не знаев дека тој ќе биде новиот в.д директор на МКЦ, вели Богоев.

Богоев во два мандати по шест месеци беше в.д. директор на МКЦ, откако се смени градската власт и на чело на градот дојде Данела Арсовска. Денеска му е последен работен ден на функцијата директор на МКЦ, а од утре ќе работи на старата позиција, технички директор. Богоев е 36 години вработен во МКЦ. Лани во ноември, институцијата ја доби наградата „13 Ноември“.

Името на Шаќири за директор на МКЦ се спомнуваше уште во времето кога Петре Шилегов беше градоначалник на Град Скопје. Шаќири не стана прв човек на оваа институција, а потоа се кандидираше за градоначник на Град Скопје.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата „13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ.

Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата, велат од програмскиот колегиум на МКЦ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лабаратории и фотоволтаици во средното училиште „Михајло Пупин“ 18.1.2023

Следно

Службен пат ко службен пат, па макар бил и во Давос

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop