Бог се јави! Се празнува БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

January 19, 2026
1 min read

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична смисла, поврзана со осветувањето на водите и јавното објавување на Светата Троица.

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, по што Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, а од небото се слушнал гласот Божји. Токму поради тоа, празникот се нарекува Богојавление, а во народот е познат и како Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Во Скопје, Скопската православна епархија при Македонска православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Според информациите од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, за манифестацијата „Водици 2026“ пријавени се околу 160 учесници, кои ќе се обидат да го фатат светиот крст.

Одбележувањето на празникот започнува со света архијерејска литургија, на која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Стефан. По завршувањето на богослужбата, ќе следи богојавленска литија до реката Вардар, каде што ќе се изврши големиот водосвет и ќе се положи Чесниот и животворен крст.

Богојавление свечено се одбележува и во Охрид, каде централната богослужба ќе се одржи во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, по што литиите ќе се упатат кон Градското пристаниште. Таму ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Годинава, за првпат, водите ќе ги освети новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, а најавено е и присуство на Гордана Силјановска Давкова.

Според народните верувања, оној што ќе го фати крстот ќе го следат здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Чинот на фаќање на крстот симболизира соединување на човекот со Христа, а се верува дека по осветувањето водите добиваат лековита моќ.

Во Република Македонија, согласно Законот за празници, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Следно

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Latest from Blog

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но,

Мицкоски: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата

Проданоски со честитка за Богојавление – Водици до граѓаните на Прилеп

Во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп денеска се одржа светата литургија по повод Богојавление – Водици, традиционалниот празник кој го одбележува Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован

Николоски: Експресниот пат Градско–Дреново ја менува сликата за Пелагонија

Министерот за транспорт Александар Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново, нагласувајќи дека со оваа сообраќајница значително се подобрува поврзаноста меѓу Пелагонија и главниот град. „Со овој експресен пат Прилеп, Битола,

Тоневски упати честитка до граѓаните за празникот Водици

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици. „Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици. Честитки за Давид Демјанов од Злетово што го
Go toTop