Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија

1 min read

Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен.

Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај.

-Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Мицксоки: Ќе се борам до последниот атом да докажам дека ги менуваме работите на добро

Следно

ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА АНКА ГИЕВА, ЕДНА ОД ЛЕГЕНДИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА МУЗИКА

Latest from Blog