Во Битола денеска ќе бидат свечено предадени во употреба нови возила, контејнери и канти за отпад, кои Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги доделува на јавните комунални претпријатија од Пелагонија и Југозападна Македонија.
Со оваа поддршка значително ќе се олесни и унапреди работата на јавните комунални претпријатија во општините од овие региони, што директно ќе придонесе за поефикасно управување со отпадот и подобрување на јавната хигиена.
Од Владата информираат дека во соработка со локалните самоуправи и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон подобрување на комуналните услуги, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните.


