Бислими: ЕУ се заканува со нови мерки кон Косово доколку се имплементира договор постигнат во Брисел

August 14, 2024
1 min read

Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими вели дека отворањето на мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел на градот Митровица, населен со мнозинство Албанци и северниот, со мнозинство Срби, не е еднострана одлука на Владата или нерешено прашање од дијалогот, туку дека тоа е главно барање од договорот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година.

Преку објавата на платформата „Х“, Бислими потсетува дека планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за „симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници“. 

Главниот косовски преговарач во дијалогот со Србија го споменува и Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година, во кој се вели дека “мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“ 

„Отворањето на мостот на Ибар во Митровица не е еднострана одлука на Владата на Косово, ниту е одложено или нерешено прашање од процесот на дијалог, туку тоа е главното барање од договорот меѓу Косово и Србија, а постигнат со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година. Понатаму, планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за ‘симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници’. Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година го носи следниот заклучок: „Работите на мостот во Митровица се завршени и мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“. Ова е формулацијата на ЕУ, но договорот е постигнат меѓу Косово и Србија“, напиша Бислими.

Косовскиот вицепремиер нагласи и дека на 19 јуни годинава, Посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак препорачал да има внатрешна расправа со локалните Срби на север и дека „партнер на Квинта“, групата дипломатски претставништва што ја сочинуваат САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, побарал технички прегледи.

„При последната посета на емисарот Лајчак на Косово на 19 јуни, за време на средбата што ја имавме, во врска со мостот на Ибар, тој изјави дека доколку Косово не претпочита повторно да разговара за ова прашање во Брисел, негова препорака е да се развијат внатрешни дискусии со локалната Србите на северот, за да се адресираат потенцијалните безбедносни импликации и нивните грижи во врска со ова прашање. Во меѓувреме, партнер од Квинта го додаде барањето за технички инспекции“, напиша Бислими.

Тој рече дека Владата во Приштина ги следела овие две препораки, и нагласи дека ЕУ му се заканува на Косово доколку го спроведе договорот постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки.

„Ги следевме двете споменати препораки. Сега ЕУ му се заканува на Косово, во случај да го спроведе самиот договор постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки. Владата на Република Косово силно верува дека ЕУ промовира повеќе слобода на движење и помалку граници или ѕидови меѓу етничките групи“, напиша Бислими на платформата „Х“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски и Муцунски се сретнаа со екс директорот на американското национално разузнавање, Гренел

Следно

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025

Latest from Blog

Венс за Чарли Кирк: Тој е најпаметниот политички оперативец што сум го запознал – му должам многу!

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кој денес е водител на „Шоуто на Чарли Кирк“ во спомен на починатиот американски патриот, кој беше застрелан минатата недела, рече дека „заменува некого кој не може да

Стаменкоска Трајкоска: Подготвени сме за победа – за наша Кисела Вода!

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, беше на кафе-дружба со носителката на советничката листа, Светлана Колариќ, претседателот на ОК, Иван Живковски, и идните советници од коалицијата „Твоја Македонија“.

Доделувањето на „Еми“ беше преместено поради Бијонсе, таа воопшто не се појави

И покрај шпекулациите дека 44-годишната пејачка и нејзиниот сопруг Џеј-Зи ќе присуствуваат на церемонијата што се одржа во театарот Peacock во Лос Анџелес, славната двојка на крајот го пропушти настанот. И таа

Човек три и пол години со себе носел алигатор во маркет, му забраниле кога се појавил на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Алигаторот Џинсејоши и неговиот сопственик, Весли Силва (60), беа фотографирани како пазаруваат во Волмарт во Пенсилванија (САД) претходно овој месец, а откако фотографиите беа објавени на интернет, на сопственикот и неговото необично

Мечка е снимена како се шета по улиците на град во Бугарија, граѓаните преплашени (ВИДЕО)

Животното е забележано синоќа и снимено од жителите. Сведоци велат дека мечката шетала по улицата Стара Планина, а претходно била видена на градската обиколница, објавија бугарските медиуми. Со помош на полицијата, мечката
Go toTop