Binance предупредува за нов бран крипто-измами преку WhatsApp

November 13, 2025
1 min read

Најголемата берза за криптовалути во светот Binance апелира до корисниците да внимаваат, откако се појави нов бран измами на WhatsApp, каде што измамници се претставуваат како официјални претставници на компанијата и бараат исплата на средства или нудат лажни инвестициски совети.
Оваа појава периодов најмногу е застапена во Франција и во Италија.

Од компанијата јасно порачуваат дека Binance никогаш не ги контактира своите корисници преку WhatsApp за да понуди инвестиции, да побара уплата или пак лични податоци.

„Овие лажни пораки претставуваат обид за измама и фалсификување на идентитет, а целта најчесто е фишинг напад, односно обид да се украдат лични податоци, лозинки, двофакторски кодови или крипто средства“, велат од компанијата.

 

Како Binance контактира со корисниците

Официјалната комуникација со Binance се одвива исклучиво преку проверени канали:
• Преку платформата Binance Customer Support (достапен 24/7),
• Преку официјалниот X (Twitter) профил: @binance,
• Преку Telegram, но само по верификација на контактот преку алатката Binance Verify,
• Преку е-пошта од верифицирани адреси.

Binance препорачува и внимателна проверка на сите групи каде што корисниците се членови, бидејќи измамниците често користат лажни крипто заедници за да стекнат доверба во луѓето, а потоа да ги измамат. Во водичот „Заштитете се од измами во онлајн заедници “ може да се прочитаат повеќе детали.

Како изгледа една WhatsApp измама

• Имитација: Измамникот креира профил кој изгледа како да е тој официјален претставник на Binance.
• Лажна итност: Измамниците често тврдат дека постои одреден проблем со сметката.
• Барање на податоци или уплата: Побарување лозинки, кодови или трансфер на крипто.
• Лажна доверба: Споделување реални податоци од јавни извори за измамата да изгледа убедливо.
• Изолација: Измамниците убедуваат да не комуницирате со Binance под изговор дека ситуацијата е „доверлива“.

По уплатата или споделувањето на информации, измамникот исчезнува, оставајќи ја жртвата со финансиска загуба.

Од Binance апелираат да не се верува на пораки преку WhatsApp од лица кои се претставуваат како официјални лица од компанијата, секогаш да се проверува автентичноста на контактите преку Binance Verify, да се користат само официјалните канали за комуникација и да не се споделуваат приватни податоци или кодови.

Binance повторува дека свесноста е најсилната одбрана против фишинг нападите. Со внимателност и проверка на изворите, корисниците можат да се заштитат себеси и пошироката крипто заедница.

„Заедно можеме да изградиме побезбедна крипто заедница и да ги заштитиме нашите средства,“ порачуваат од Binance.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Принцот Вилијам и Кејт воведоа правило кое нивните деца мора да го почитуваат

Следно

Мицкоски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески„

Latest from Blog

Преку Смарт проект фармацевтите се едуцираат за примена на нови квалитетни услуги во аптеките според светските протоколи

Нови квалитетни услуги и нивно спроведување во аптеките и препознавање од пациентите, е целта на едукациите наменети за фармацевти кои се дел од четврти по ред Смарт симпозиум, што викендов ќе се

Ѓорѓиевски: Денес се потсетуваме на храброста и љубовта кон Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оддаде почит на паднатите херои пред Споменикот на ослободителите на Скопје и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, во чест на 13 Ноември – денот кога

Општина Прилеп ја организира еко-акцијата „Еко мисија“ за почист град

Општина Прилеп, во соработка со ЈКП „Комуналец“, сите јавни претпријатија, образовни институции и општествено одговорни компании, ја организира еко-акцијата „Еко мисија – твојот потпис за природата“. Акцијата ќе се одржи во сабота,

Битола станува првиот македонски град со современ пристап кон отпадот

Битола, 13.11.2025 – ЈП Комуналец Битола започнува со реализација на проектот RU READY, 24-месечна прекугранична иницијатива која промовира циркуларна економија и одржливо управување со отпад. Проектот се спроведува во рамките на INTERREG
Go toTop