Бесниот Мурињо ги шокира играчите на Бенфика: Кои се „предавниците“?

November 22, 2025
1 min read
Фото: Бенфика Х

Фудбалерите на Бенфика победија на гости кај Атлетико синоќа во осминафиналето од Купот на Португалија, но Жозе Мурињо не беше задоволен од првото полувреме на својот тим.

Она за што сите зборуваат е потегот на Мурињо на полувремето, а потоа и неговото објаснување за сè по натпреварот. Мурињо прво го покажа своето незадоволство од играта со тоа што направи четири замени на полувремето.

И по натпреварот беше интересно бидејќи Мурињо беше многу, многу лут и незадоволен од она што го виде од своите играчи.

„Направив четири замени на полувремето, но требаше да направам девет замени. Тие девет играчи не беа на теренот. Само двајца требаше да останат во играта.“

Дали системот функционира?

„Системот функционира, играчите се тие што не функционираат. Не ги сакам играчите што ме предаваат“, е јасен Мурињо.

Останува да се види што ќе се случи во следниот натпревар на Бенфика и дали ќе има многу промени во составот.

Исто така, прашање е на кои играчи мислеше Мурињо…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вeнс: Мировниот план мора да го зачува суверенитетот на Украина

Latest from Blog

Вeнс: Мировниот план мора да го зачува суверенитетот на Украина

Планот за ставање крај на војната во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок на Киев до четврток да

ГАЗДА МЕЧКА, БОГАТИОТ СРПСКИ ГАСТАРБАЈТЕР поради ова го гони Германија за проневера на 7 милиони евра

Тројца српски државјани се уапсени во Германија под сомнение дека ја оштетиле таа земја за околу 7 милиони евра, како и дека ги држеле работниците од нивните компании во нехумани услови. Како

Организаторите на Евровизија објавуваат нови правила: Ќе се заострува Кодексот на однесување

Клучните промени вклучуваат враќање на експертските жирија во двете полуфиналиња за прв пат од 2022 година и намалување на максималниот број гласови од јавноста од 20 на 10. Жирито се враќа во
Go toTop