Бериша до медиумите: Бојкотирајте го Рама или ќе се соочите со жестоки протести

February 18, 2023
1 min read

Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен албански претседател и експремиер Сали Бериша од седиштето на партијата ги повика медиумите да не го канат премиерот Еди Рама во емисиите, зашто во спротивно ќе се соочат со жестоки протести.

– Ги повикувам сите новинари да не го примаат во телевизиите овој корумпиран човек. Тоа е исто како да земеш криминалец во студио, кој не сака да се соочи со правдата. Пред секоја телевизија што ќе го прими ќе организираме жестоки протести, порача тој.

Членовите на партискиот Форум на млади, во четвртокот навечер протестирале пред ТВ Клан каде премиерот Еди Рама бил гостин во емисијата „Опињон“.

– Тоа беше само почеток. Ќе видите. Искрено ви кажувам, бојкотирајте го, не му давајте простор. Ќе преземеме мерки тој да не стапне во ниту едно студио, се закани Бериша.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бурата Ото ја погоди Скандинавија

Следно

Артета верува дека неутралните навивачи сакаат Арсенал да победи во Премиер лигата

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за
Go toTop