Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната во Украина и дека го загрозува мирот во Европа

December 2, 2024
1 min read

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека и дала оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и Индо-Пацификот.

-Наместо да ја преземе одговорноста за светскиот мир и безбедност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина се спротивставува на нашите основни европски интереси со својата економска и вооружена помош за Русија, рече Бербок во изјавата пред нејзината посета на Пекинг.

Бербок истакна дека „бруталната агресивна војна на Путин против Украина е директна закана“ за мирот.

-Ако Северна Кореја испрати војници и оружје против Украина, додека Русија ја поддржува нуклеарната програма на Пјонгјанг, тоа го загрозува мирот и овде и на Индо-Пацификот, нагласи Бербок.

Бербок, исто така, рече дека, како најголема економија во Европа, Германија се залага за своите интереси на ист начин како што Кина ги брани своите.

-Во економската, климатската и безбедносната политика важи следново: соработка каде што е можно, независност каде што е потребно, рече шефицата на германската дипломатија, додавајќи дека Германија нема да ја сврти главата кога другите ги прекршуваат меѓународните правила на штета на германската и европската индустрија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка

Следно

Отворено писмо на Сотир Костов до Димитар Апасиев

Latest from Blog

Божиновска: Македонскиот рубин ги спои уметноста и науката во вредност за иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Божиновска: Рубинот како симбол за поврзување на науката и креативноста

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Проданоски: Новата инфраструктура ќе ја зајакне економијата во Пелагонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Битола оствари работна средба со Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанска комора на Македонија, во рамки на состанокот на Управните одбори. На средбата
Go toTop