Бандата на Џими „Скарата“ владее со најопасниот град на светот, секојдневно гинат најмалку 20 луѓе

January 15, 2023
2 mins read

ОН проценуваат дека бандите убијци контролираат 60% од Порт-о-Пренс, поради што жителите на градот живеат во страв. Секое утро сте исправени пред прашањето, што ќе се случи кога ќе ја напуштите вашата куќа. Обичните луѓе се користат како „човечки штит“ и се убиваат, многумина се ограбени а нивните домови изгорени до темел“,

Секој ден, најмалку 20 луѓе се жртви на повеќе од 200 вооружени банди кои владеат со Порт-о-Пренс, најопасниот град на светот. Главниот град на Хаити е преплавен од криминал а жителите стравуваат за своите животи, соочени со опасноста при излегувањето од своите домови.

Во најсиромашната држава во западната хемисфера владее глад, има огромна инфлација и постојани политички превирања. Од 2021 година, по атентатот врз премиерот Жовенал Моиз во Хаити нема функционална влада. Неволјите се уште поголеми, ако се знае дека Порт-о-Пренс се наоѓа на трусно подрачје и многу често има земјотреси.

EPA-EFE/Johnson Sabin

„За Хаиќани, насилството кое го предизвикуваат бандите е исклучително сериозен проблем. Но, тие не знаат што да прават и како тоа да се реши“,

вели Самер Вокер од Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал.

„Проблемот со бандите метастазира. Тие го контролираат главниот град и сите негови периферии“,

додава д-р Џемс Оливие од Универзитетот Винсен-Сен Дени, кој ги проучува бандите на Хаити.

Тој укажува дека огромниот број банди го претвориле Порт-о-Пренс во „забарикадирана метропола“ во која тие одлучуваат за животот или смртта.

Најопасна е бандата Г9, предводена од немилосрдниот тиранин Џими Шеризиер, познат како „Скара“.

Jimmy Cherizier, alias Barbecue
EPA-EFE/Orlando Barria

Иако самиот тврди дека прекарот го добил бидејќи мајка му била уличен продавач на пржено пилешко, сепак се смета дека бил именуван како „Скара“ откако станал познат по тоа што на своите противници им се одмаздувал така што ги палел живи.

Криејќи се под превезот на „човек од народот“ и „револуционер“, тој тврди дека води војна против елитата, но жителите на главниот град на Хаити за него велат дека воопшто не е тоа што се претставува, туку дека „Скара“ е грозоморен убиец и мачител кој неселективно осакатува недолжни луѓе.

Директно се поврзува со повеќе масакри врз сиромашни луѓе, а ниту еден хаиќанец не може да му го заборави четиридневно крваво дивеење во сиромашниот кварт Ла Салин, во кој пред неколку години беа убиени повеќе од 70 тамошни жители.

EPA-EFE/Johnson Sabin

„Вооруженото насилство достигна незамисливи и неподносливи нивоа“, предупреди уште минатата година Мишел Башелет, шефицата за човекови права на Обединетите нации во заминување.

ОН проценуваат дека бандите убијци контролираат 60% од Порт-о-Пренс, поради што жителите на градот живеат во страв.

„Секое утро сте исправени пред прашањето, што ќе се случи кога ќе ја напуштите вашата куќа. Обичните луѓе се користат како „човечки штит“ и се убиваат, многумина се ограбени и нивните домови изгорени до темел“,

вели Рената Сегура, заменик директор на Меѓународната кризна група за Латинска Америка и Карибите.

Киднапирањата се секојдневие а доколку не се плати откуп, лицата се убиваат. Голем број граѓани ги губат своите животи фатени во вкрстен оган додека бандите меѓусебно се опсипуваат со куршуми по улиците.

„Деца кои одат на училиште се чести жртви од заскитан куршум“, додава Сегура.

Во извештаите на Обединетите нации се вели дека вооружените банди не само што посегнуваат по животите, туку вршат силувања и други форми на насилство за да влеат страв, да го потчинат и да му нанесат болка на болка на локалното население.

EPA-EFE/Johnson Sabin

Во текот на минатата година, битките меѓу бандите ескалирале и се воделе жестоки судири за зголемување на територииите при што насилството и вознемиреноста се прелеале и врз претходно мирните населби.

Од јуни до септември ОН констатирале дека се извршени над 1300 убиства – во просек околу 20 дневно убиени, а илјадници биле принудени да ги напуштат своите домови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Њукасл постави клупски рекорд по серија без пораз во Премиер лигата

Следно

ХОРОР: До смрт претепано мало дете, мајката-монструм лажела дека паднало по скали

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop