Бајден: Новиот трговски договор ЕУ-Велика Британија го отвора патот за големи американски инвестиции во Северна Ирска

April 12, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белфаст изјави дека трговскиот договор по Брегзит, кој Европската унија и Велика Британија го постигнаа на крајот на март, ќе доведе до значителни инвестиции во Северна Ирска од страна на големи американски компании.

Десетици водечки американски корпорации сакаат да дојдат и да инвестираат овде, истакна Бајден во говорот на Универзитетот во Белфаст.

Владата на британскиот премиер Риши Сунак и Европска Унија минатиот месец постигнаа договор познат како Трговска рамка Виндзор, со кој се предвидува олеснување на режимот за увоз и извоз на стоки меѓу Република Ирска и Северна Ирска без воведување строги гранични контроли, што би го зголемило ризикот од зголемување на тензиите во британската провинција.

Бајден пристигна во Белфаст на одбележување на 25-годишнината од Договорот од Велики петок, со кој заврши 30-годишниот крвав конфликт во Северна Ирска. Посетата на Бајден на Северна Ирска немаше да се случи доколку не беше договорена Трговската рамка Виндзор. Иднината на секој договор за слободна трговија помеѓу Обединетото Кралство и САД зависи и од одржувањето на Договорот од Велики петок.

– Британскиот премиер Виши Сунак и Бајден се обединети по прашањето за важноста на глобалните форуми, како што се средбите на лидерите од земјите на групите на најголемите и најразвиените економии во светот Г20 и Г7, да се користат за јасни пораки против обидите да се наметне „економска принуда и пазарна манипулација“, се наведува во соопштението од Кабинетот на британскиот премиер.

Исто така се посочува дека двајцата лидери се обединија околу ставот дека „манипулацијата на светските пазари од страна на авторитарни лидери ја покажува повеќе од кога било потребата од заеднички напори за поддршка на економската стабилност и безбедност на двете нации“.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма во Кисела Вода: Ѝ се заканил на поранешната сопруга, па бил агресивен кон полицајците

Следно

(ВИДЕО) Демонстрант во Холандија истрча кон Макрон, обезбедувањето го совлада

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop