Азербејџан презеде контрола врз стратегиски точки во Источен Зангезур

March 30, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Азербејџан денес соопшти дека презел контрола врз „огромна гранична област“ и неколку стратегиски височини и патишта во областа Лачин во економскиот регион Источен Зангезур, пренесува Анадолу.

„Во врска со пуштањето во употреба на новиот пат за Лачин, неколку доминантни височини, главни и помошни патишта, како и огромна гранична област меѓу селата Јагазур и Забух, регионот Лачин, се преземени под контрола“, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Преземањето на контролата се случува по зголемувањето на тензиите поради раздвижувањето на ерменската војска во регионот, вклучително и транспортот на персонал и оружје, што Азербејџан го осуди како грубо кршење на трилатералните договори меѓу двете земји и Русија.

На 5 март Баку соопшти дека двајца азербејџански војници се застрелани од ерменските сили при обид да запрат возила за проверка на патот Ханкенди-Халфали-Туршсу.

Односите помеѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан и седум соседни региони.

Во есента 2020 година Азербејџан ослободи неколку града, села и населби од ерменска окупација по 44 дена интензивни борби што завршија со мировен договор со посредство на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије подготвена да помогне во испораката на природен гас на Унгарија

Следно

Субвенции за санација на постоечките лифтови и поставување нови во Карпош

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop