Несреќата се случила денеска околу 14:45 часот кога автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Најголем дел од повредените лица се транспортираани до општата болница во Сремска Митровица, каде што им била укажана медицинска помош.
Повеќето се со тешки повреди, две од лицата починале на лице место, а едно лице починало за време на операција. Според Милан Мандиќ од одделот за итни случаи во Сремска Митровица уште едно лице е во критична состојбам додека преостанатите повредени засега се во стабилна состојба.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, станува збор за автобус со кој се превезувале работници на компанијата „Хелткер“. Претходно од српската полиција известија дека возачот на автобусот е приведен и изречен му е 48-часовен притовор. Дежурен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Сремска Митровица е на местото на настанот и се истражуваат причините за несреќата.
Извор: vecer.mk