Австриската полиција покрена истрага, бара помош од граѓаните: Објавени снимки од девојчето за кое се сомневаат дека е исчезнатата

April 3, 2024
1 min read

Виенската полиција денеска, по налог на јавниот обвинител на Австрија, побара објавување нови фотографии на кои се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ, како и две жени.

Како што се наведува во полициското соопштение, потерницата е распишана бидејќи постои сомнеж за киднапирање на детето, а воедно се повикуваат сите кои ги познаваат жените или знаат каде се наоѓаат веднаш да се обратат во полиција.

Австриската полиција претходно денеска соопшти дека семејството на исчезнатата Данка Илиќ претпоставува дека двегодишното девојче е на видеото што е направено на трамвајската станица во Виена.

– Откако роднините на исчезнатото девојче ја погледнале снимката, претпоставиле дека е голема веројатноста дека станува збор за девојчето од Србија, се вели во соопштението на полицијата.

Се додава дека видеото до австриските власти го проследил маж кој на трамвајската станица „Шотенринг“ наишол на мало дете во придружба на две возрасни жени и ја забележал сличноста меѓу снименото дете и двегодишната Данка Илиќ.

„Српските власти потоа ја контактираа полицијата во Австрија, а истрагата за сомнежот за киднапирање на детето ја презеде виенската државна криминалистичка полиција“, се вели во соопштението.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор, а потрагата по неа трае оттогаш.

Ова е прво официјално објавување фотографии од видеото од Виена на кое се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ. Претходно видеото го објавија бројни таблоиди во Србија.

Портпаролот на виенската полиција Матијас Шустер денеска изјави дека откако имале увид во снимката што ја имале роднините на исчезнатата Данка Илиќ (2), голема е веројатноста дека станува збор за исчезнатото девојче и нагласи дека полицијата денеска објавила различни фотографии за оваа намена.

Шустер нагласи дека Државната криминалистичка полиција во Виена веќе покренала истрага.

– Имаме многу добар и близок контакт со српските власти во врска со девојчето кое исчезна на 26 март. Денеска по налог на Јавното обвинителство на Виена објавивме различни фотографии, на нив има мало дете и уште две жени. По увидот на видео материјалот од страна на роднините, голема е веројатноста дека се работи за исчезнато девојче, рече Шустер.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март во околината на Бор. Специјалистички екипи на МВР претходните денови ја пребарале околината на куќата во која исчезна девојчето, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронашле траги што би укажале дека девојчето е таму. Поради исчезнувањето на Данка Илиќ, за првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Активирана е и жолта потерница на Интерпол, поради сомнеж дека девојчето се наоѓа во некоја од земјите на ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ повикан утре на вонредна седница на Владата: Србија подготвува акциски план за одговор на притисоците

Следно

Врховниот суд на Грција буквално го „чешла“ применувањето на Преспанскиот договор

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop