Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицo пред судот ја призна вината

May 18, 2024
1 min read

Јурај Ц., осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо во средата, се изјасни за виновен на рочиштето во Специјалниот суд во Пезин, пренесува ТА3.

Судот ќе одлучи дали Јурај Ц. ќе остане во притвор. Како што јавија локалните медиуми, состојбата на премиерот е стабилизирана, но и понатаму е сериозна.

 

Репортерот на порталот Телеграф.рс денеска го сними моментот кога напаѓачот Јурај Ц, осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо преку гаражата е однесен во Специјалниот суд во Пезин, каде детално ќе биде сослушан за нападот.

Пред неговото пристигнување специјалци го расчистија просторот пред Специјалниот суд, а за неколку моменти се појавија три полициски возила, од кои во еднотобеше осомничениот Јурај.

Да потсетиме, министерот за одбрана Роберт Калињак изјави дека премиерот Роберт Фицо имал две операции по атентатот во средата во Хандлов и дека неговата состојба „се уште е сериозна, но дека премиерот е свесен“. Моментално е во болницата во Банска Бистрица.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тела на 28 убиени Палестинци донесени во болница во северниот дел на Појасот Газа

Следно

Истрага за продолжено кривично дело измама

Latest from Blog

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop